Македонци, каде е вашиот глас?

Локал-лингвал е интерактивна мапа со амбиција да стане Википедија на јазиците и дијалектите кои се зборуваат по светов. За нецели два месеца од постоењето ја имаат посетено 500.000 луѓе кои имаат оставено 18.000 различни гласови и изговори. Никој, од никоја општина во Македонија.

Преводот на Гугл напредува и се подобрува со фасцинантна брзина (за јазици кои масовно се зборуваат, за нашиот ќе почекаме уште долго).

Но колку и да напредуваат тие алгоритми и вештачка интелигенција упторебени во превод на цели речници и пасоси, останува непокриено едно битно поле - звукот на тие јазици, како звучи автентичниот изговор произведен од луѓе.

Таа дупка сака да ја пополни Локаллингвал за да се покаже јазичното богатство и културолошката шареност на овој свет.

Удрете сефте (клик за зумирање на мапата).

3 март 2017 - 08:29