Двојните стандарди ќе ја доупропастат оваа земја

Уредничката на Алфа излегува од шаблонот за новинари жртви на вмровски манијак? Помалку е жена од Мери, работи во неподобен медиум, или како?

Двојните стандарди ќе ја доупропастат оваа земја. Психотичен лик ѝ се заканувал и ја навредувал колешката Мери Јордановска. Истиот му се заканувал и на градоначалникот на Кавадарци. Сите медиуми и душегрижници побрзаа да напишат дека вмровски војник бла, бла малтретира новинари и политичари.

Така и треба!

Е сега, Уредничката на Алфа, Искра Коровешовска исто така го пријавува спомнатиот лик дека на идентичен начин ја напаѓал како и останатите жртви. Добива поддршка се разбира од пријатели и почитувачи, но здруженијата задолжени за правата на новинарите и правата на жените едноставно ја игнорираат, важни им се само Мери и тој од Кавадарци. Медиумите кои речиси без прекин аптдејтуваат како оди случајот со Мери и градоначалникот, ниту збор не спомнуваат за Искра која е жртва на истиот човек со идентични последици! Цело деноноќие подоцна тие и натаму верглаат само за Мери и Јанчев!

Зашто? Затоа што уредничката на Алфа излегува од шаблонот за новинари жртви на вмровски манијак? Помалку е жена од Мери, работи во неподобен медиум или како? Нам во Алфа не ни е сеедно што некој јавно се изживува со уредничката, а на спинерите нека им служи на чест подлоста.
Дека немаат срам и дека се подготвени на се тоа му е јасно на секој, но штамата на јавноста кон оваа одвратна поделба дури и на жртвите на насилство, само затоа што некои не влегуваат во замислениот шаблон е катастрофа од незамисливи пропорции.

Драган Милосављевиќ

13 јануари 2020 - 13:02