Се замрзнуваат јајце-клетки од паника

Сè повеќе и повеќе сингл жени замрзнуваат јајце-клетки за да избегнат „панично родителство” со било каков партнер.

Ваквите податоци, објавени во Human Fertility journal откриваат дека најчестиот мотиватор за оваа појава е желбата да се избегне влегување во неадекватни врски за да се роди.

Истражувањето покажува и дека причините се „социјални”.

Учесниците, од кои 84 проценти биле сингл, добиле прашање зошто избираат да го направат тоа, како им се чини и какви информации добиле за веројатноста евентуално да родат со замрзнати јајце-клетки.

Резултатите откриваат дека недостатокот на партнер или партнер кој не сака да биде родител, е најчестата причина што жените се одлучуваат на овој чекор.

Вака си обезбедуваат повеќе време да најдат пофин партнер, плус се намалува притисокот.

Многу од нив го опишуваат процесот како емотивно тежок бидејќи не сакаат да мораат да го прават тоа. А истражувачите притоа пријавуваат дека информациите кои жените ги добиваат за процедурата се во најмала рака неадекватни.

Речиси сите интервјуирани жени кажале дека клиниката не можела да им даде одговор за веројатноста да добијат дете на овој начин.

За илустрација: од 2001-ва, во Велика Британија се родени само 60 бебиња од замрзнати јајце-клетки.

Д-р Кајли Болдвин, која учествува во истражувањето, вели:

„Клиниките кои ја нудат оваа технологија се должни да поддржат информирана одлука, со тоа што ќе им дадат информации на заинтересираните, за веројатноста да добијат дете на овој начин, која зависи од нивната возраст во моментот кога ќе се одлучат за замрзнување. Понатаму, жените треба да се информираат за ризиците и трошоците, како и физичките и емотивните појави кои ги бара процедурата, плус било каков ин-витро третман во иднина.

Не е ни чудно што толку жени се решаваат на ова. Со години се живее со впечатокот дека женската плодност е темпирана бомба, а едвај се поминува ден, или посета на гинеколог без да се начне темата за женскиот биолошки часовник.

Како милувате, само да не заборавиме на овој момент, кога во едно забавно видео, научивме колку оваа индустрија може да биде булшит.

15 ноември 2018 - 13:14