А мислевме дека подрум и медицина не одат заедно

19-годишна тинејџерка од Торонто завршува средно, и за разлика од нас неинвентивните - одма си наоѓа работа. Дејност: козметичка и пластична хирургија. Локација: подрум.

На денешниот свет не му е туѓо да плаќа за полесни патишта до совршенство. Има и тарифи, и начини, и ниеден од нив не би требало да вклучува некаков чуден подрум, а уште помалку тинејџерка.

Тоа очигледно не ја спречило Жингји Ванг да води нелиценцирана клиника и да дели флаери за услугите што ги нуди по ресторани, па уште и да става баркод на нив, како би можеле заинтересираните да скенираат и да видат што ќе добијат.

Како ја фатиле?

Којзнае и дали ќе ја фателе, да не ја пријавила некоја жена со сомнителна интелигенција, која отишла кај оваа матурантка на процедура за слабеење на лицето. Малку ѝ било, па се вратила на уште неколку третмани и замислете - шокантно: ѝ се направила инфекција.

Незгодното е што полицијата сè уште не знае колку луѓе ги користеле подрумските услуги за хируршко разубавување и дали сè уште личат на луѓе.

Можеби псевдонимот како од порнич - „Др. Кити” требало да ги предупреди некако?

Чудесно.

1 ноември 2017 - 17:47