Железнички писма на читатели

Слушнав на вестите дека имало нови возови. Дека ситуацијата за брзо време ќе се подобрела. Драги мои сограѓани, патувам 6 години со возот до Скопје и секоја година е сè полошо и полошо. Не барам да има телевизори и интернет, не барам да има јадење и кафиња. Барам 3 основни работи што секој воз треба да ги има:

Што треба да се случи за некој да се заинтересира за некој проблем? Што треба да се случи за да се преземе нешто? Зарем треба некој да умре за да ги занишаме главите?

Зборувам за возовите, за да знаете што ме мачи. „Нормално" возот треба да патува 3 часа од Прилеп до Скопје или обратно (нормално е во наводници затоа што патувањето Прилеп - Скопје за 3 часа одамна не е нормално). Вчера тргнав од Скопје со вечерниот воз во 20:00 часот. И имаше мал застој на станицата во село Богомила... Во Прилеп стигнавме во 05:00 часот изутрината. 9 часа патување од Скопје до Прилеп, на многу ладно време. Ова го пишувам во 13:00 и се уште ме тресат трески, се уште не можам да се вратам во нормала по претрпеното страдање. Не можам да замислам што им се случува на постарите луѓе што беа во возот, но најмногу сум загрижен за малото бебенце што ја имаше таа несреќа неговите родители да решат да патуваат со воз. Сакам да поставам прашање: Колкава сума би била фер за надомест на изгубен живот? Затоа,пред да се случи нешто лошо од кое нема враќање назад, некој треба да се потруди и да смени нешто.

Слушнав на вестите дека имало нови возови. Дека ситуацијата за брзо време ќе се подобрела. Драги мои сограѓани, патувам 6 години со возот до Скопје и секоја година е сè полошо и полошо. Не барам да има телевизори и интернет, не барам да има јадење и кафиња. Барам 3 основни работи што секој воз треба да ги има: седиште за секој патник, стигнување во планираното време и климатизирана атмосфера прилагодена според надворешните температури.

Многу ли барам? Не барам услови како што имало во Германија, во Јапонија или во Америка. Барам основни човекови права, барам стандардизирано превозно средство кое ќе ми помогне при остварување на обврските, а нема да ми ги загрозува животот и здравјето секогаш кога ќе се качам во него. Сигурен сум дека некој ќе помисли: „па патувај со автобус или со автомобил кога не ти одговара возот". Прво, јас возот го плаќам. Не се возам бесплатно, па сега барам преку леб погача. Второ, возот е понекогаш подобрата верзија споредено со патувањето на патиштата во нашата Македонија. Не ги знам точните бројки, но сигурен сум дека има премногу сообрајќајки поради лошата состојба на патиштата, за кои знам дека возачите плаќаат премногу средства за оддржување и ништо од тоа.

За на крај, не сакам да пишувам долгометражни текстови за да не Ви здосади, а и нема потреба. Сè што имам да кажам е веќе познато. Секој што патувал со возот ја знае приказната. Затоа ќе престанам сега. И уште да кажам за да нема забуни: Не работам за опозицијата, не сум соросоид (или како и да ги нарекувате), ова не е политичка пропаганда, не барам пад на системот и не барам смена на власта. Барам ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА, толку. Уште повеќе, со ова ѝ помагам на владеачката партија да собере позитивни поени кај народот, затоа ако веќе му давате партиски бои на текстов, пишете дека сум од страна на власта и дека се трудам да им помогнам да останат власт. И сето тоа го правам без да барам било каков надомест. Сето ова го правам од љубов и грижа.

Јосиф

2 октомври 2015 - 16:17