91ви ден до фестивалот, ден - Велигден. Грст луѓе се среќаваат во Дојран и паѓа договорот. Еве ја ливадата, ова се капините, еве ги и трските (езерото не се гледаше), ќе доаѓаме кој како може, нека си носи и другари ќе чистиме додека не се отвори полјаната. Шо да ти расправам - mission impossible..и би така. Малку беше по тешко да се најдат луѓе кои ќе си го платат превозот, ќе си носат шатор и вреќа, ќе си купуват храна од сопствен буџет и на крајот ќе се вратат дома искасапени како од фронт..ама доаѓавме, кампувавме и теглевме капини, со две гребла и една лопата, ама желба шо да ви расправам.. Доаѓавме од секаде, од Скопје, од Охрид, од Штип, од Свети Николе.. не се ни познававме меѓу себе. Некои беа млади родители со своите дечиња, и така еколошката свест почна да се шири меѓу најмладите.
32ри ден до фестивалот, ден – Петок. Полјаната почна да заличува, од некаде се појавија и бунгалови, и уште повеќе разрушени кампови, нешто што било WC.. Што ќе правиме, хаос е се..Чернобил. Почнуваме со чистење на плажата, времето пекол, тука ќе има шанк, тука одбојка на плажа, цел ден reggae .. пусти соништа не отепаа, покрај тоа капините.
2ри ден до фестивалот, се потиме под купиштата од исечени гранки кои требаше да ги однесе некаква механизација (вода за пиење немаме оти па никој не му кажал на тој од комуналното да остави чешма пред да ги приклучи бојлерите, или знаел ама го чекало ладно пиво во некоја сендвичара – шо знам)
Еден ден до фестивалот, 10 саато сабајле, механизација уште нема. Прикриена нервоза, се избегнуваат негативни муабети. Тројца јунаци местат 40 шатори... свака част дечки.
12 часот, доаѓа еден багер, си тера работа, вака-така куповите ги нема. Остануваат 20тина гранки кај камп просторот. 16 часот, доаѓаат невладините со еден автобус. Олеснување, ќе помогнат околу гранките, а тие - шо знам никој не ми кажа, не можеш да ги собереш од плажа. Има други приоритети, се мести оградата, гранките си стојат – екологистите се сунчаат. Денот завршува, лакше се дише..
2ри Август, прв ден од фестивалот, ден – Илинден. Луѓе си местат шатори, некој си го зел и лабрадорот, фестивалска атмосфера – priceless. Музиката си го направи своето, задоволни фаци насекаде, се игра, се пее, се ужива животот. Се погледнуваме и знаеме дека тоа е тоа, се заборава сè... Бендовите, што да ви кажам, се потеа по автобуси и комбиња, м’кнеа гитари, но на крајот сите свиреа од петни жили и уживаа во реткиот open air момент, сите до еден се надминаа себе си, за грст адреналин.
Втор ден после фестивалот. Отворам интернет после месец дена... убаво се одморив, а внатре - пандорина кутија. Летаат дрва и камења, па кој се овие, така ли се прави фестивал... Па владини се - невладини се, абе македонштина у прав смисол, па пари се перело, па ти реков ми рече. И оп слика, гранките покрај камп просторот - погледнете кај нè сместија, па овде ли ма мамо да седам, зашо не ме зема дома назад...
http://frekvencii.com/nastani/id/3503/alam-festival-2013-vo-mrdaja-se-mrdnaja.html
Точно е, знам дека сметаа, ама тие беа 20тина (гранки), а околу нив 20тина шатори со 60 – 70 луѓе во нив. Три дена ги скокаа и се сопињаа од нив, а на никој не му текна дека за 5 минути ги решаваат тројца луѓе, требаше да се поместат 5 метра. Оние што мавтаа со греблата беа на крај со силите.
Кој би знаел дека нус производ на багерот му е јебен пат со сто тона прашина.
И пак - абе кои се овие, вака ли се прави фестивал..
За да ги видиш убавините на нештата некогаш треба да зумираш.
Игор Стоименоов
ПС. Поздрав до Петровата капина, човекот ја бранеше со жив ѕид, многу убаво цветала на пролет. Јеби га кај баш на сред ливада никнала..
Авторот не сака капини... well, not anymore.