" Во неделата попладне имав убод од инсект (најверојатно оса). По убодот мислев дека ќе помине и не превземив никакви первентивни мерки. Вчера бев во градска болница, од таму во на инфективна, од таму на клиника за кожени и ... (незнам какви) болести. Таму бев "пријатно" пречекан од вработена. најверојатно некоја low level медицинска сестра, која многу дрско се понашаше. Знаеш кога идеш некаде, безразлика дали е болница, банка, ... , тие се чуствуваат моќно и горди се на тоа што го прават. Отокот на беше толку болен што едвај чекав да дојде докторката. По прегледот добив терапија (инекции, неколку пара апчиња, креми ...).
Денеска после работа имав такви болки што неможев на нозе да застанам, чуствував печење на местото на убодот. Со такси заминав повторно на државна болница. Кога влегов на таа кликниката за "..." болести овојпат бев уште покултурно пречекан. Сум налетал на тетката "божемна докторка на дежурство" на која и го објаснив проблемот. Таа упорна со расправање ми велеше дека неможе да бидам прегледан. Пак пробав да се објаснувам со неа што е работата и дека многу ме боли. Таа повторно ми кажа дека нема да бидам прегледан, такви биле наредбите и ми рече да се вратам утре сабајле. Во моментот си велев што ќе правам до утре сабајле, кознае што може да биде. Незнам зошто се трудев да и објаснам, зошто отидов таму.
Од таму фаќање такси и одење на приватна клиника. На влез бев пречекан со "Здраво, повелете господине ...". Од рецепција за рака ме однесоа на преглед, па примив инекции. Сигурно си мислете којзнае колку сум платил. За моја среќа вкупно платив 230 денари. Неможев да поверувам ...
После ова незнам што да и кажам на тетката што ја сретнав денес ... нека си иде дома, за џабе го јаде лебот од државата. Доволно се парите кои ги заработила до сега. Се гледа дека имала врски во јавна администрација, па и средиле работа. Министерот за здраство нека иде, нека иде да олабави малку.
Поздрав,
Атанас