Неприоритетни сообраќајни писма на читатели

Пред Веро вообичаено се собираат брзи, појачани и уште не знам какви коли и дивјачки шкрипат со гуми, се тркаат поминуваат на црвено и сето тоа некаде околу 21 часот. Додека околните станари забележувам дека беспомошно седат и гледаат и по којзнае кој пат им се кинат нервите си викам ај за станарите ама па у 9 саат уште има и деца на улици шетаат, на крај на краиштата еден лош потег ќе сврти накај мене ќе ме остаи со девојка ми на лице место а сум седнал да испијам сок и да грицкам сончоглед...

Почитуван Трендо,

Уште пред неколку месеци си седам со девојка ми спроти Веро во тафталиџе во паркчето, мислам дека беше ден Недела. Пред Веро вообичаено се собираат брзи, појачани и уште не знам какви коли и дивјачки шкрипат со гуми, се тркаат поминуваат на црвено и сето тоа некаде околу 21 часот. Додека околните станари забележувам дека беспомошно седат и гледаат и по којзнае кој пат им се кинат нервите си викам ај за станарите ама па у 9 саат уште има и деца на улици шетаат, на крај на краиштата еден лош потег ќе сврти накај мене ќе ме остаи со девојка ми на лице место а сум седнал да испијам сок и да грицкам сончоглед...

Максимално изреволтиран се јавувам во полиција 192 викам луѓе може ли да испратите некој да се справи со ситуацијава, прв пат диспечерот максимално љубезен ми вика да да ке пратиме екипа, седиме ние таму уште 30 минути некаде ни трага ни глас од екипава, веќе доста нервозни му звониме втор пат, викаме дечко пак ние абе знаеш екипава нигде ја нема додека дечкиве со колите безмилосно и безгрижно дивеат веќе 1 саат без престан значи свират шкрипат поминуваат на црвено итн. А, ми вика тој еве пак ќе јавам да не има недоразбирање, ок се случува.

Седиме уште 40 минути никој нема повторно ни екипа ни полиција ни бутур. Значи максимално изреволтирани се јавуваме трет пат на 192 дечково крева пак му кажуваме дека сме истите дека седиме тука гледаме што се случува и никој не реагира, дечково од другава страна веќе ни малку љубезен како првиот пат, веројатно зашто сме му ја прекинале работната дремка или оговаранција со колегата, почнува да се расправа, ја зачуден го прашувам добро дечко колку луѓе треба да загинат за вие да застанете на патот на овие дивљаци??? Истиот тој ми одговара дека не било тоа приоритет за постапување и како ја не сум знаел и не знам што и нормално ако толку ми смета да запалам кола и да идам до полициска станица Карпош да кажам на лице место. Се прашувам што би било приоритет у недела вечер на сообраќајна полиција туку да се справи со ваков случај? Можда кафе кај што им даваат у некој локален кафич без пари место да патролираат се гагаат за кафе сендвич или пијачка ...

Еве веќе можеби 6 месеци после таа случка сеуште броиме жртви од неприоритетните случки на скопските улици.

З.М.

1 октомври 2015 - 10:14