Се к’ти ноќта црна, се рути карпа, мрак, и петли в село пејат...
....добро не е баш село, град е, демек, Куманово, и не се петли, кокошки се од пинк и гранд, добро не е ни зора, пладне е, ама пошто нема што да се работи, се иде на каафее.
Ајде на кафе, - ајде. У едн куде сат, - океј. Куде ќе идемо, - бреј како не ти досади да прашуеш демек 100 места има.
Музиката која трешти по кумановските кафичи и клуб, еден е, можеби е увезена од Србија во недостиг на акустична забава, ама газдите се од домашен тов. Која космичка формула и кој соросов канон е на сила во оваа припиздина, па ситото кое ги вади на површина ликовите кои се сопственици на кафичите пропушта сѐ што има културен коефициент над 2, а најголемите сељаци пливаат во она што треба да биде културен простор. Не ми е гајле ни какво е кафето ни колку чини, од музиката што иде слушам дека ќе се кука оти не е добро и наредните сто години. Јер тие што се спремаат по 2 сата за да бидат убави дур ечи Саша Ковачовиќ, за подобро и не се. Ајде човек и да ги разбере сопствениците џибери на кои не им се познати други музички правци, ама мислам дека на крај ќе излезе дека тие нам ни угодувале што пуштаат таква музика. Навистина мислам дека ако некој им каже дека се сељаци, ќе одговорат дека тие не ни слушаат таква музика, ама таквата музика го полни објектот.
Каква недоделкана даска ти го попречува културниот хоризонт за да не видиш дека ги потценуваш своите другари, гости, сограѓани. Музиката која се врти во кафичите и на кумановското радио е избришана од меморијата на најзатурените српски паланки. Жив срам ме јаде кога ќе носиш на кафе или вечера некој од надвор, а како дигестивен класик некоја локална група во живо ти свири грандов хит, и околу си потпевнуваат. Гостинов набљудува, посматра по нашки, и се смешка. А и за посматрање сме.
Постои комунална инспекција, постои санитарна инспекција и ред други прописни салтанати кои регулираат да биде чисто ВЦ-то и да не се потруеме од храната која ни ја сервираат. Ама редно време е да се формира плејлист бригада која ќе ги чисти посраните листи кои се вртат. Ако треба да се прави разумен компромис, јас сум и за Синатра и за Салмонела, и еве нека не ставаат кафе во кафето ама да не иде Жељко Јоксимовиќ во ирски паб. Да почнеме од некаде да се менуваме, зошто најзабегано е кога сам на себе си терет, а не си ни свесен.
Посебна приказна се кумановските автобуси. Логично е шофер да биде некој што не сакал да чепка ни по книги ни по нивите на татко му, ама со кое право не ремети со музиката која му годи. Патешествието од Куманово до столнината не трае 45 минути, вечност цела дур се извртат песните и рекламите од радиото. Ред мегахитови, ред реклами. Циле, Миле, Жељко, Аца, фасада на рати, пиле на ражањ, Цеца, Меца, Сека, лепиме хладњаци, салон за венчаници, итн. Смеј збор кажи му на шоферот. Има поддршка од дел од патниците, а има и јака десница јер шалта мењач од осумдестрета. Земи излажи го дека некој близок ти умрел за да го исклучи радиото, ама па да не баксузираш, трпиш. И не, не постои општоприфатлива музика, во автобус не смее да се пушта музика!
Ноќен живот има, не е дека нема. И Кумановке су убави, по шес сата се спремав, и супер су, и бија сам у недељу у Револушн и слушна ве дека треба ви мушко треба ви шампион, ама ќе играте на шанк у Малту ако не гу смените песму.
..., и зората се зори, и дваести аларм ѕвони, и дванаесет е часот, истуширај се, па на кафе.
Црнолизец Грабар Китаровски