Искричави писма на читатели

Ви испраќам видео каде што може да се види како излегуваат искри од оџакот. За ова сме крајно загрижени сите станари во зградата за нашата безбедност. Насекаде има саѓи, дрвата се сушат, некои од станарите се жалат на отежнато дишење. Буквално не може да се отвори прозор, премногу мириса и има чад.

Почитувани, 

Пишуваме во името на советот на станари во мала зграда, со адреса Франклин Рузвелт бр. 15. Во зградата, од ноември 2024, се отвори пицерија која што ги пече пиците на дрва. 

Во прилог Ви испраќам видео каде што може да се види како излегуваат искри од оџакот. За ова сме крајно загрижени сите станари во зградата за нашата безбедност. Насекаде има саѓи, дрвата се сушат, некои од станарите се жалат на отежнато дишење. Буквално не може да се отвори прозор, премногу мириса и има чад. Имаат повеќе моторчиња и коли кои ги паркираат на самата улица и тротоарите и буквално од нив не се поминува.

Од ноември досега реагиравме во неколку институции по различни основи и нема никаков одговор.

19 мај 2025 - 11:39