Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
По шест години, Перо Антиќ се одјавува од функцијата прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија. На неговиот наследник му дава апсолутна поддршка.
Легендарниот литвански кошаркар сега со голем успех го води Фенербахче. Турскиот гигант се пласира на нов завршен турнир за титулата во Евролига откако во четвртфинале го испраши Париз со 3-0 во серијата. Синоќа на гости во Франција Фенербахче славеше 88-98 а играчите при прославата го прскаа Јасикевичиус со шампањско и го фрлија во џакузи.
Во Црна Гора често има многу смешни голови и автоголови, а таков еден сега падна и од 31. коло од црногорската Прва лига на мечот меѓу Отрант Улцињ и Јединство Бијело Поље кој завршил 2:2. Овие две екипи се борат за опстанок. Отрант е на последно место со 28 бода а Јединство е на осмо место кое води во баражот за опстанок и има 35 освоени бода.
Пред речиси секој домашен натпревар на Перу во квалификациите за Светско првенство или за Копа Америка, група шамани прават некаков си ритуал против најдобрите противнички фудбалери. Еднаш правеа „ху-баба-ху“ преку слики на Нејмар. Од тогаш славниот Бразилец пропуштил 527 дена надвор од терените за клуб и репрезентација поради разни повреди.
Денвер Нагетс конечно заигра во свој стил и со убедлива предност во текот на целиот меч, на крајот заслужено го совлада ЛА Клиперс. Сега е 3-2 во серијата и Нагетс ги дели само еден триумф од полуфинале на Западот. Јокиќ имаше трипл-дабл, Џамал Мареј постигна 43 поени, а Богдан Богдановиќ пред крајот на третиот период се закачна со Расел Вестбрук кој му дофрлаше нешто додека овој се спремаше да изведе слободни фрлања.
Ако треба да се издвои најслаб играч на првото полуфинале од ЛШ меѓу Арсенал и ПСЖ, тоа сигурно е Габриел Мартинели. 0 голови, 0 асистенции, 0 дриблинзи, две големи шанси, една глума и еден шут во небо.
Синоќа во Индијана се одигра најлудиот натпревар во досегашниот тек од НБА доигрувањето за титула. Во спектакуларна завршница во салата „Гејнбриџ Филдхаус“ домаќинот Индијана Пејсерс после луд пресврт во продолженија славеа 119:118 и со 4-1 го елиминираа Милвоки Бакс и Јанис Антетокумбо.
Кошаркарите на Денвер Нагетс успешно го одиграа петтиот натпревар од серијата против ЛА Клиперс, славеа 131:115 и сега се на чекор од пласман во полуфинале на Западот.
Донарума на два пати вечерва го спасуваше ПСЖ да не прими гол, но и на другата страна се редеа чисти шанси за гол. Дезире Дуе, Бредли Баркола и Гонзало Рамос ги имаа најзрелите за тимот на Луис Енрике.
Нова перфектна партија на Џанлуиџи Донарума кој на Емирати блесна без примен гол. Имаше пет одбрани против Арсенал, од кои две клучни во дуел со Мартинели и Тросард. Чисти голови спаси. Јунак.
По 9 сезони во Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј, од нигде никаде заврши во Серија А. Не е напаѓач, а има 12 гола и решава многу натпревари за Наполи. Не се штедат навивачите кога треба да се викне силно за него.
Најверната навивачка група на Вардар низ разни акции успеа да собере 735.200 денари или 12.000 помош за настраданите во Кочани, што е сум за поздрав. На хуманитарниот меч против Црвена Ѕвезда беа во огромна бројка и се заблагодарија на јазиците на сите земји што ни помогнаа за Кочани.
Навивач на Болоња по име Андреа кој ужива во најдобрите две сезони по клубот во последните 60 и нешто години, се решил на една убава фудбалска гастрономија.
Антонио е италијански навивач на Милан, кој живее во САД и на кој идол му е Антонио Касано. И кога ете ти го неговиот имењак од зад грб. Не само што успеал да го запознае, туку и поминале 2 часа заедно.
Павлета Рашкова е претставителна судијка со ФИФА значка. Ама изгледа се исплаши од Горан Пандев, да не даде уште еден гол на пријателската меѓу легендите на Бугарија и Македонија, која заврши 2:3.
Звучи чудно, но Ред Бул Салцбург веќе пар сезони е далеку од тронот во Австрија. Како доскорешен хегемон во тамошната Бундеслига кој палеше и жареше, РБ Салцбург освои еден куп шампионски титули и трофеи во Купот. Ама сезонава тешко да обезбедат место и во еврокуп што е рамно на чудо. Штурм Грац и Австрија Виена се борат за шампионската титула. Во моментов имаат по 33 бода на прво и второ место а Австрија Виена го добила директниот дуел во неделата.
Се гледа крајот на сезоната, во најголем дел од европските лиги треба да се доиграат уште 3-4 кола и ќе се спушти крај на 2024/2025. Ќе се слават шампионски титули, некој ќе испаднат од лига, ќе се прогласуваат најдобри стрелци но и асистенти. Во моментов бр.1 е Ламин Јамал, чудото на Барселона кој во сите натпреварувања има дури 24 успешни додавања за гол.
Рабона ударот важи за доста мангупски потег во фудбалот, ама обично се користи за додавање. Лука Колиќ од Мелбурн Виктори, успеа гол да даде и тоа го лобуваше голманот. Коментаторот веднаш му го прогласи за гол на сезоната.
Стал Мјелец води 1:2 на гостувањето против Заглембје Лубин во првата полска лига и тоа трае само неколку секунди. Домаќините тргнуваат од центар и потоа погледнете што се случува. Веројатно никој не очекуваше вакво експресно брзо и мајсторско решение.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс како секоја сезона, така и сега, играа топло-ладно во основниот дел на НБА лигата, за да сега во доигрувањето за титулата влезат во топ форма. Синоќа го победија Хјустон Рокетс 109:106 пред своите навивачи и поведоа со 3-1 во серијата.
Слушалки имате ли на работа? Никако клиповиве на телефон. Слушалки ви требаат и компјутер. Се играше Суперкласико Ривер - Бока кое заврши 2:1. Порнхаб дечки. Како и на секое дерби.
Освои 20 трофеи со Меси, Чави, Иниеста и другарите, три трофеи со Челси, два со Шпанија и ене го на 37 години, уште игра и решава натпревари. Каков легендарен лик.