Зверев полуде, удираше со рекет кај судијата, избркан е од турнирот

Германскиот тенисер Александар Зверев нема да може да го продолжи натпреварувањето на турнирот во Акапулко (Мексико). Исфрлен е поради скандалозно однесување после меч во двојки кога со рекет грубо удираше во столицата кај што седеше судијата Алесандро Џермани. Зверев испадна со Марсел Мело во дубл 2:6, 6:4, 6:10 од двојката Лојд Гласпул-Хари Хелиовара, а во четврток во сингл требаше да игра со Петер Гојовчик.

Ова не е прв ваков скандал на Зверев кого во октомври поранешната девојка Олга Шарипова го обвини дека неколку пати крваво ја претепал.

23 февруари 2022 - 09:59