Вредноста на пехарите

Врвното достигнување за секој спортист или спортски колектив е подигнувањето на пехарот. Неговата вредност не им е важна на спортистите, тие мечтаат само да го подигнат и да го бакнат со што стануваат најдобри, но ние ќе ви ги претставиме нивните цени.

Табелата ни нуди 4 трофеи од најпознатите американски спортови како и најголемиот спортски настан, Светското фудбалско првенство. Победниците на ова натпреварување до сега имале можност првиот трофеј да го подигнуваат од 1930 до 1970 година, но во 1974 италијанскиот скулптор Силвиа Газанига го дизајнирал новиот пехар кои први го подигнаа Германците, кои впрочем беа и домаќини на тој Мундијал.

Оргиналот од најпрестижниот фудбалски пехар се наоѓа кај ФИФА, а победникот на првенството добива копија од него за во својата витрина. Вредноста на овој пехар кој е направен од 18 каратно злато е 20 милиони долари. 

Останатите 4 пехари не се ни блиску до неговата вредност и се направени од по неколку илјади евра. Најскап помеѓу нив е оној кој го подигнуваат хокеарите кој чини 23.476 долари, а најевтин е пехарот во американскиот фудбал кој чини скромни 4532 долари.

19 јуни 2013 - 10:07