Во неизвесна завршница ЕЛЕМ поуспешни од Маркарт

L.C. Waikiki и ЕЛЕМ славеа победи во вториот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во неизвесна завршница ЕЛЕМ поуспешни од Маркарт

Маркарт 6-7(4-3) ЕЛЕМ

Маркарт: Александар Ристовски 23’ Пеце Стојановски 38’ Мартин Стојанов 10’ 11’ Марјан Трајковски 16’ Флоријан Зиген 20’

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 39’ Златко Станкоски 24’ Влатко Петровски 7’ 14’ 19’ 34’ Сенвет Реџепи 33’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Маркарт и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ беше таа која ја превзема иницијативата уште на самиот почеток вршеше притисок кон голот на Маркарт што им донесе предност во 7та минута од 0-1. По ова екипата на Маркарт започна со поагресивна игра и за само неколку минути успеа да направи целосен резултатски пресврт и предност од еден гол која ја задржа до полувремето. На паузата се замина со резултат од 4-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија со жесток ритам на игра, во која екипата на ЕЛЕМ на стартот од полувремето имаше повеќе од играта што и донесе водство и целосен резултатски пресврт, екипата на Маркарт не се откажуваше лесно од овој натпревар па преку Стојанов во 38та минута го израмни резултатот и да ја направи завршницата од овој натпревар неизвесна. Во ваквата завршница поуспешна беше екипата на ЕЛЕМ која го доби овој натпревар со 6-7.

Во натпревар полн со пресврт L.C. Waikiki поуспешни од Уника

L.C. Waikiki 5-6(4-4) Уника

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 11’ Едит Салковиќ 13’ Суад Арифи 10’ 40’ Стефан Цветковски 3’ Армин Дрпљанин 23’ Ветим Имери 39’ Шабан Чупи 32’

Уника: Љуљзим Каштањева 5’ 6’ Бенјамин Граинца 10’ 29’ Тимотеј Нешовски 2’

Одличен старт на екипата на Уника во дуелот соL.C. Waikiki, со погодоци постигнати уште во воведните минути екипата на Уника се стекна со солидна предност од 3-1 веќе во 6та минута. Оваа негатива не ја демотивираше екипата наL.C. Waikikiкоја тргна во целосна офанзива и успеа за само неколку минути поточно во 13та минута да го израмни резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои шанси за погодок и за превземање на водството но сепак мрежите останаа мирни па на полувремето се замина со изедначен резултат од 4-4. На стартот од вториот дел екипата наL.C. Waikikiуспеа да постигне погодок и да го превземе водството, и ја доведе екипата на Уника во ситуација да брка израмнување. Уника се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот наL.C. Waikikiшто и донесе израмнување во 29та минута, неколку минути подоцна уште еден погодок за целосен пресврт. До крајот на натпреварот екипата наL.C. Waikikiвршеше притисок да дојде до израмнување и во последните минути од натпреварот да успеа да направи целосен пресврт за конечна победа од 7-6.

13 март 2019 - 10:39