Во неизвесен натпревар Рамстор и Лукоил ги поделија бодовите

ЈСП и Македонски Телеком славеа победи во вториот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во неизвесен натпревар Рамстор и Лукоил ги поделија бодовите

Рамстор 3-3(2-2) Лукоил

Рамстор: Ведат Арслан 2’ Ибрахим Бекир 14’ 29’

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 4’ Жарко Климкаров 12’ Марјан Цветковски 37’

Рамстор и Лукоил првото полувреме го одиграа во духот на фер-плеј, со прецизни подавања и одлични удари од далечина. Уште на самиот почеток екипата на Рамстор преку одличниот Арслан успеа да го отвори резултатот, сепак радоста кратко траеше две минути подоцна односно во 4та минута екипата на Лукоил успеа да го изедначи резултатот. По овие почетни погодоци од минута во минута и на двете страни се редеа шанси се до 12та минута кога Лукоил искористи грешка во одбраната на Рамстор и го зголеми резултатот на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да реализира и да дојде до израмнување. Во второто полувреме двете екипи продолжија со жесток ритам на игра и уште од самиот почеток атакуваа на противничкиот гол. Во средината на вториот дел Бекир со одличен погодок успеа да го доведе Рамстор до водство, тоа водство умешно го чуваа се до 37та минута кога екипата на Лукоил преку својот голман успеа да постигне погодок за резултат од 3-3 со кој и заврши овој натпревар.

Македонски Телеком со константно добра игра до победа над Раде Кончар

Раде Кончар 3-6(2-4) Македонски Телеком

Раде Кончар: Стефан Ицковски 4’ Горан Наумоски9’ 38’

Македонски Телеком: Гоце Филипов 4’ 15’ 20’ Михајло Лазаревски 5’ Ивица Вељановски 25’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Раде Кончар и Македонски Телеком видовме фудбал со динамичен тек. Двете екипи веднаш по судискиот свиреж започнаа со целосна офанзива, со погодоците во почетните минути се најави ефикасно прво полувреме, во 9та минута резултатот на семафорот гласеше 2-2. Во вториот дел од првото полувреме екипата на Телеком беше таа која ја превзема иницијативата што резултираше со погодок во мрежата на Раде Кончар и водство на полувремето од 2-4. Во второто полувреме екипата на Раде Кончар се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Телеком одлично и тактички ја имаше поставено играта со честа ротација на играчи и успеа да го добие натпреварот со резултат од 3-6.

ЈСП во второто полувреме до победа над Сава Осигурување

Сава Осигурување 3-7(1-1) ЈСП

Сава Осигурување: Андреј Китановски 10’ Коста Глигуровски 28’ Николај Мирковски 37’

ЈСП: Дејан Блажевски 17’ Љупчо Павловиќ 21’ Марјан Србиновски 25’40’ Сабит Хусеини 31’ Даниел Антовски 35’ Давор Калиновски 34’

Првата фаза од полувремето помеѓу Сава Осигурување и ЈСП помина доста мирно без многу шанси за гол на двете страни. Играта главно се одвиваше на средината на теренот, двете екипи со удари од далечина се обидуваа да го скршат отпорот на противникот. Кон средината на полувремето екипата на Сава Осигурување успеа да скрати една топка од средината на теренот и да организира одличен контра-напад за водство од 1-0 преку Китановски. По примениот погодок екипата на ЈСП направи неколку ротации во играчите, ја превзема иницијативата и тргна пожестоко кон израмнување кое го реализираше во 17та минута. Полувреме 1-1. Во второто полувреме видовме динамичен фудбал со многу шанси на двете страни екипата на ЈСП беше таа која што ја контролираше играта и ја имаше топката во своја посед. Екипата на ЈСП успеа своите шанси да ги претвори во погодоци за висока предност низ целото полувреме. Екипата на Сава Осигурување немаше одговор за ваквата игра на ЈСП па го загуби овој натпревар со 3-7.

13 декември 2017 - 09:07