Во инфаркт натпревар ЕЛЕМ и ЈСП дојдоа до реми

Во вториот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија Халкбанк против Македонски Телеком и МЕПСО против ОНЕ.ВИП, славеа победи со по 7:2.

Во фер-плеј натпревар МЕПСО подобар од ОНЕ.ВИП

ОНЕ.ВИП 2-7 (1-3) МЕПСО
ОНЕ.ВИП: Мартин Ангеловски 10’, Дарко Таневски 27’
МЕПСО: Виктор Петровски 3’, 33’, Диме Рошковски 8’, 17’, 24’, Далибор Христов 23’, Братислав Савовски 36’

Екипите на ОНЕ.ВИП и МЕПСО одиграа одлична фудбалска претстава, во која преовладуваше фер-плејот во текот на целиот натпревар. На двете страни се играше доста брз и отворен фудбал во кој и двете екипи доаѓаа до изгледни шанси за гол. Екипата на МЕПСО беше поефикасна во нападот искористувајќи поголем дел од овозможените шанси, што не беше случај кај ОНЕ.ВИП, по што не можеа  да очекуваат поволен исход, па го загубија овој натпревар со 2-7.

Во инфаркт натпревар ЕЛЕМ и ЈСП дојдоа до реми

ЈСП 5-5 (2-3) ЕЛЕМ
ЈСП: Даниел Антов 9’, 38’, Томи Петковски 15’, Љупчо Павловиќ 29’, 40’
ЕЛЕМ: Петко Бушески 3’, Влатко Петровски 14’, Ристо Стефановски 16’, Синиша Ковачевиќ 25’, 40’

Екипите на ЈСП и ЕЛЕМ во поголем дел од натпреварот настапуваа во формација голман-играч во своите редови. Иако екипата на ЕЛЕМ стекна резултатска предност, ЈСП беше настојчив, не се предаваше и со агресивна одбрана во предно поле успеа да изгради изгледни шанси за гол. Се играше егал натпревар кој се одлучуваше буквално во последната секунда. Екипата на ЈСП на 15 секунди пред крајот дојде до предност од 1 гол, но искусниот ЕЛЕМ беше присебен и за само 15 секунди успеа да го израмни резултатот за конечни 5-5.

Дамески ја предводеше ХАЛКБАНК до победа над Македонски Телеком

Македонски Телеком 2-7 (1-3) ХАЛКБАНК
Македонски Телеком: Влатко Манев 19’, Роберт Попоски 38’
ХАЛКБАНК: Мартин Дамески 4’, 12’, 23’, 29’, Игор Стојановски 11’, 39’, Влатко Блажевски 28’

Екипата на ХАЛКБАНК имаше одличен старт во дуелот со Македонски Телеком, кој што дојде до водство од 3 гола за само 12 минути. Македонски Телеком направи неколку грешки во додавање на предна линија играјќи со голман-играч, по што играчите на ХАЛКБАНК имаа стопостотни шанси за гол. Во самиот финиш на првото полувреме Македонски Телеком намали на 1-3, со кои се отиде на полувремето. И во текот на второто полувреме бевме сведоци на иста слика, ХАЛКБАНК не дозволи Македонски Телеком да се разигра и го доби овој натпревар со 2-7.

18 ноември 2015 - 15:10