Топ Елевен 2016 со нов тренинг од Жозе Мурињо

Најпопуларната спортска онлајн игра ја најави верзијата за 2016-та година која што ќе биде наменета за корисниците на иОС и Андроид платформите со нова Фејсбук верзија и тотално нов систем на тренинг.

Топ Елевен играта, како и до пред некоја сезона така и сега во фокусот го става Жозе Мурињо, поранешниот тренер на Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид. Португалецот заедно со големиот развоен тим на компанијата Нордеус и со помош на повратни информации од најстраствените играчи ширум светот го унапреди новиот тренинг систем.
 
Новиот изглед на тренинг ќе има интензивна тактичка тренинг симулација на мобилните платформи и ќе им овозможува на играчите да ја унапредат вешитината на своите играчи. Благодарение на тоа играчите ќе можат да:
 
- Ги развиваат индивидуалните вештини на играчите.
- Да направат најдобра комбинација од вежби на тренинзите.
- Да заработат бонус за своите екипи (напад, одбрана, кондиција и посед на топка) кои што ги унапредуваат перформансите за време на средбите.
- Како и да отклучуваат нови вежби за тренинг за да ги засилат играчите.
„Во Топ Елевен 2016 создадовме игра во играта со која им нудиме на нашите играчи уште подобро доживување на дневно ниво. Со новиот систем на тренинзи, играчите ќе применуваат посложен пристап кон својата игра и ќе се приближат до искуството на оние правите фудбалски менаџери. Топ Елевен, играта која што ја лансиравме во 2010-та продолжува да јакне и многу сме горди што го вративме партнерството со Жозе Мурињо. Со возбуда ги очекуваме реакциите на играчите“, изјави Бранко Милутиновиќ, директорот на компанијата Нордеус која што ја лансираше оваа онлајн игра.
Топ Елевен 2016 е бесплатен за играње на Андроид, иОС и Фејсбук. Инаку играта е развиена од Нордеус, компанија која свое претставништво имаше и во Скопје. Канцеларии има во Лондон, Даблин, Белград и Сан Франциско.
18 февруари 2016 - 10:48