Стопан на денот

Францускиот тенисер Беноа Пер е слаб со нервите и лош со гестовите на терен. На мастерсот во Рим лани се расправаше со судијата, сервираше во празно, си поигруваше со шишето и слично, а овој пат се истакна со сељачки потег.

Пет саати се објаснуваше со судијата за поен, а потоа со цел памет го исплука местото од што не можеше да се помири дека не е во право.

Сељачката ја продолжи на Твитер каде се направи чалам дека е не е проблем што ќе треба да плати казна за лошото однесување, бидејќи направил 8,5 милиони долари во кариерата.

 

5 март 2021 - 14:16