Познат по тоа што до крајот од својот живот рекреативно играл хокеј, симпатичниот мустаќлија зад себе остави седум деца и неколку генерации добро школувани хокеари.
„Тој беше навистина добар татко. Поминуваше многу време со нас додека растевме, не учеше на едноставни работи. Секогаш имаше време за нас. Беше тивок, пријатен човек со многу добри особини како скромност и независност, но најмногу ги сакаше своите деца“, изјавила Синтија Флод, една од седумте деца на Марк Сертич.
Во јули годинава Сертич го прославил својот 99. роденден, а минатиот четврток доживеал срцев напад кој за жал не го издржал и починал во својот дом во Западен Дулут.
„Беше права инспирација, беше наш лидер. Беше добар татко каков што секој сака и секогаш беше присутен за сите“, додава Стив Сертич, синот на најстариот хокеар на светот.
Марк завршил школо во 1939 година и подоцна бил ветеран во Втората Светска војна. Под команда на генерал Џорџ Патон бил пратен во Европа.
По враќањето во САД по крајот на војната во 1945 играл хокеј во својот Западен Дулут. Бил најзаслужен што се изградил хокеарски терен во Мерит Парк и станал претседател на Аматерската хокеарска асоцијација во Дулут.
„Кога беше близу 80 години, поради безбедност го советувавме да прекине да игра во аматерската лига. Тој беше тажен поради тоа зошто имаше натпреварувачки дух“, се сеќава Ден Јанглоб, поранешен поражникар кој бил најдобар другар на Марк Сертич.