С.Ц. Борис Трајковски со сигурна игра до победа над Уни Банка

Сава Осигурување, Лукоил и Борис Трајковски славеа победи во вториот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија.

С.Ц. Борис Трајковски со сигурна игра до победа над Уни Банка

С.Ц. Борис Трајковски 6-3(4-1) Уни Банка

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 2’ Горан Андоновски 5’ 18’ 35’ Александар Василевски 15’ 31’

Уни Банка: Ангел Пеков 9’ 39’ Александар Кузинаков 22’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Уни Банка, екипата на С.Ц. Борис Трајковски одлично го отвори овој натпревар со евро гол на својот играч Костов. Ова рано водство им даде дополнителен мотив па само неколку минути подоцна успеаа да го зголемат водството. Екипата на Уни Банка се обидуваше да најде против игра но ова прво полувреме екипата на Борис Трајковски прикажа одлична игра и го доби полувремето со резултат од 4-1. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка успеа да реализира да да го намали водството на С.Ц. Борис Трајковски на 4-2, овој рано постигнат погодок ја мотивираше екипата на Уни Банка која фрли се на една карта и започна со целосна офанзива. Таквата отворена игра на екипата на Уни Банка умешно ја казни екипата на С.Ц. Борис Трајковски која преку контра напади успеваше да реализира и да го добие натпреварот со резултат од 6-3.

Лукоил со одлично второ полувреме до победа над Џонсон Мети

Џонсон Мети 4-5(1-1) Лукоил

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 38’ Бране Стојановски 38’ Благоја Божиновски 10’ Александар Недев 32’

Лукоил: Марјан Цветковски 25’ Мартин Алаѓозовски 29’ 35’ Лоренцо Николовски 17’ Антонио Фенов 34’

Израмнето прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Џонсон Мети и Лукоил. Првите минути од полувремето одминаа со претпазлива игра на двете екипи во кои играчите со соло акции и удари од далечина се обидуваа да го отворат резултатот. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети со одличниот погодок на Божиновски во 10та минута, ова водство екипата на Џонсон Мети успеваше да го одржува се до 17та минута кога Николовски реализираше за Лукоил и израмнување од 1-1, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија со жестока борба по целиот терен, се редеа шанси за гол и на двете страни. Во таквата отворена игра екипата на Лукоил успеа да се стекне со предност која успеа да ја сочува се до крајот иако во последните минути од натпреварот кипата на Џонсон Мети се доближи на само гол негатива и ја направи оваа завршница интересна. Натпреварот заврши со резултат од 4-5 во корист на екипата на Лукоил.

Сава Осигурување преку контра напади до победа над ЕЛЕМ

Сава Осигурување 10-8(5-3) ЕЛЕМ

Сава Осигурување: Јовица Марковски 14’ 26’ 40’ Коста Глигуровски 7’ 20’ 29’ Трајче Илиевски 16’ 29’ 38’ Андреј Китановски 18’

ЕЛЕМ: Павле Маџовски 39’ Влатко Петровски 19’ 19’ 23’ Ивица Апостоловски 16’ Сенвет Реџепи 35’ 39’ 40’

Прво полувреме исполнето со атрактивни потези одлични акции и прекрасни голови ни прикажаа екипите на Сава Осигурување и ЕЛЕМ. Прва во водство дојде екипата на Сава Осигурување во 7та минута, неколку минути подоцна успеа и да го зголеми водството на 2-0. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ ја превзеде иницијативата, се префрли на противничко поле што резултираше со погодок и намалување на разликата на 2-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување имаше повеќе од играта па на паузата замина со предност од 5-3. На стартот на второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне гол и да се доближи на само гол негатива, ова и даде дополнителен стимул на екипата на ЕЛЕМ која започна со уште пожесток притисок кон голот на Сава Осигурување. Таквата отворена игра остави празнина во одбраната на ЕЛЕМ што знаеше да го искористи екипата на Сава Осигурување која преку контра напади успеваше да казнува и да го добие овој натпревар со резултат од 10-8.

27 февруари 2019 - 09:43