Кои се главните решенија на МОК:
1. Русија е отстранета од Олимписките игри 2018: Во Пјонгчанг каде што ќе се одржува Олимпијадата (од 9. до 25. февруари) нема да има ни руско знаме ни химна. Спортистите од Руската Федерација кои ќе се решат да настапат ќе мора да се натпреваруваат под неутрално (олимписко) знаме и под олимписката химна. Официјалното име на репрезентацијата би било - Олимписки атлети од Русија - ОАР;
2. Решението дали ќе учествува или неучествува на Игрите Рускиот олимписки комитет ќе го донесе на 12. декември. Свој став за ова ќе изнесе и претседателот на Руска Федерација Владимир Путин;
3. Виталиј Мутко, човекот кој држи повеќе од пет функции и скоро да е втор човек после Путин во земјата (министер за спорт на Русија, претседател на ОК на СП 2018, член на Извршен комитет на ФИФА и ред други позиции) и неговиот поранешен заменик Јуриј Нагорни веќе никогаш нема да може да посетат Олимпијада или било како да учествуваат во организација. Мутко се смета за директен виновник за системската манипулација со допинг;
4. Русија е должна да ги покрие трошоците и целиот износ од тестирањата на Независниот тестирачки орган - 15 милиони долари.
Списокот одлуки според кои Русија е суспендирана од Игрите ги донела група на чело со шефот на Независната организација за допинг-тестирање (ITA) Французинката Валери Фурнерион (на фото). Освен неа, во групата имало и претставници на WADA, DFSU (Doping Free Sport Unit) и докторот на МОК Ричард Баџет.
Отстранувањето на Русија е прв случај во историјата?
Не е, но Русија стана првата земја исфрлена од Олимписки Игри поради допинг нарушувања. Претходните држави најчесто страдале од полтичко/корупциски причини.
Во 1920-та на Олимпијадата не ја пуштиле Германија и сојузниците поради почеток на Првата светска војна а во 1948-ма Германија и Јапонија биле суспендирани од ОИ поради Втората Светска војна.
Олимписката репрезентација на Јужна Африка не учествувала на Игрите од 1964 па до 1988 - МОК така одлучил поради политиката на апартхејд. Авганистан ја пропушти Олимпијадата 2000 затоа што со појавата на талибнаите пораснала дискриминацијата на жените во оваа земја. Режимот на талибанците брзо го свргнаа од власт и репрезентацијата настапи веќе во Солт Лејк 2002.
Под олимписко знаме настапуваат само атлетите од третиот свет?
Не секогаш но најчесто да.
На Игрите 2016 во Рио под ова знаме се собра цела селекција на бегалци и мигранти од Сирија, Јужен Судан, Етиопија - вкупно 10 спортисти. За да се влезе во таа репрезентација треба да се поминат квалификации и да се има официјален статус на бегалец од ООН.
Под олимписко знаме кувајтскиот стрелец Фехаид ад-Дихани (на фто) го освои златото и на доделувањето на медалот се интонирала химната на МОК.