Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон доживеал непријатност пред стартот на вчерашното финале меѓу Ѓоковиќ и Федерер, затоа што не носел одело и вратоврска и со капа и кошула со цветови на себе не можел да влезе во ВИП ложата на Централниот терен.
Хамилтон го следел мечот до 4-3 во првиот сет пред да замине. Утрово на Инстаграм постави фотографија од неговата покана за финалето, како и фотографии од тоа како бил облечен. Во свечената ложа позната како Ројал Бокс седеа многу ВИП личности меѓу кои: Сер Алекс Фергусон, Бредли Купер, Хју Грант, Пипа Мидлтон, Дејвид Бекам, принцот Алберт и Камила, Кејт Винслет, Тиери Анри.
Британецот се подготвува за следната трка од Ф1 во Унгарија, откако славеше на домашен терен во Силверстоун минатиот викенд.
Местото каде што требал да седи Луис Хамилтон:
Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата го освои престижниот Вимблдон, откако со 3-1 во сетови го совлада Роже Федерер. Во женска конкуренција, Серена Вилијамс славеше во финалето против Гарбин Мугуруза.