Возачот од Венецуела, Пастор Малдонадо ја оствари својата прва победа во кариерата откако сензационално триумфираше на ГН на Шпанија во Барселона, но славјето на неговиот тим не траеше долго.
Еден час по трката во гаражата на Вилијамс изби голем пожар. Најверојатно пожарот избувнал од болидот на Сена, а потоа бргу се проширил откако ги зафатил и резервоарите со гориво.
На местото веднаш пристигнале механичарите од сите екипи кои биле присутни на патеката и се обиделе да помогнат по што пожарот бил угаснат по само неколку минути, но настрадале 16 луѓе. Еден од повредените бил хоспитализиран со сериозни изгореници, а на останатите им била укажана лекарска помош заради вдишан чад.