Осврт на третото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на третото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 10 натпревари со доста квалитетен фудбал кој изобилуваше со атрактивни потези и сериозен пристап во кој уште еднаш компаниите докажаа дека од година во година квалитетот на Бизнис Лигата расте.

Во третото коло како дел од најдобрите 5 играчи беа избрани:

-Бенјамин Граинца (УНИКА) 5 гола
-Арбен Нухиу (УНИКА) 5 гола
-Ивица Стефковски (Еуролинк) 4 гола
-Вилијам Митев (ЕВН) 3 гола
-Дарко Кадински (Еуролинк) 3 гола

-Голман на колото: Саше Мирчевски (Фабрика карпош)

-Екипа на колото: ЈСП

-Тренер на колото: Амел Аломеровиќ (Систина)

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

-Александар Димовски (ЕВН)
-Амер Скендеровиќ (ТРАНСМЕТ)
-Александар Стефанов (Фабрика Карпош)
-Виктор Петровски (МЕПСО)
-Дејан Неделковски (Пекабеско)
-Даниел Антовски (ЈСП)

Најдобри стрелци после третото коло се:

-Бобан Велјановски (ТРАНСМЕТ) 8 гола
-Александар Божиков (Фабрика Карпош) 7 гола
-Бенјамин Граинца (УНИКА) 6 гола
-Ивица Стефковски (Еуролинк) 6 гола
-Ведат Арслан (Рамстор) 6 гола

23 октомври 2016 - 19:30