Осврт на 18. коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на седумнаесетото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни девет натпревари.

- Телекомуникациското дерби помеѓу ОНЕ.ВИП и Македонски Телеком му припадна на Македонски - Телеком кој славеше над ОНЕ.ВИП со 8-4
- Во трилер натпревар УНИКА го совлада Лукоил со 4-3
- ТРАНСМЕТ ја искористи слабата реализација на Еуролинк и успеа да извојува победа од 10-4
- НАЛКБАНК имаше задоцнет финиш во натпреварот со ЕЛЕМ кој го загуби со 4-7
- Рулетот на Адмирал овојпат застана на страната на МЕПСКО кој извојува тесна победа од 6-5
- ЈСП со колективна игра успеа да го совлада ЕВН со 6-5
- ФАКОМ го остави срцето на терен и со борбена игра дојде до победа од 8-6 над Шпаркасе банка
- Пекабеско успеа во затворен фудбал да го совлада Гранит со 2-0
- Алкалоид со висок ритам на игра успеа да ја совлада Систина со 9-2

Ова коло епитетот играчи на колото им припадна на:

1. Михајло Лазаревски (Македонски Телеком) 4 гола
2. Един Скендеровиќ (ТРАНСМЕТ) 4 гола
3. Синиша Ковачевиќ (ЕЛЕМ) 4 гола
4. Даниел Антовски (ЈСП) 3 гола
5. Боро Мисердовски (ФАКОМ) 3 гола

Голман на колото: Петар Киприновски (Пекабеско)
Екипа на колото: УНИКА
Тренер на колото: Јовица Илиевски (ЈСП)

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

1. Сабит Хусеини (ЈСП)
2. Петре Даиловски (ЕВН)
3. Селајдин Кадри (ФАКОМ)
4. Марко Марковски (Алкалоид)
5. Борис Трајковски(МЕПСО)
6. Албрим Шаќири (Адмирал)
7. Агрон Пацоли (Македонски Телеком)

9 април 2016 - 10:02