На 11. април таа 1993-та се возеше трката за Големата награда во Донингтон Парк. Дента претходно, во квалификациите одлични настапи имаше тандемот на Вилијамс, Алан Прост и Дејмон Хил. Тие имаа најдобро време а зад нив на стартот беа Михаел Шумахер во болид на Бенетон и Ајртон Сена како пилот на Мекларен. Зад нив како петтопласиран тргна Карл Вендлингер од Ѕаубер.
Поради целодневниот дожд трката започна по мокра патека и условите за возење не беа идеални.
Во еден момент Шумахер го блокираше Сена и тоа му дојде како „кец на десет“ на Карл Вендлингер кој се протна на третото место.
После неколку круга се случи чудото на Ајртон. Прво лесно го премина Германецот а веднаш потоа и Вендлингер. Иако по такви услови се препорачува мошне претпазливо возење, Сена во истиот круг на седмата кривина го „шишна“ Хил и во претпоследната кривина го помина и Ален Прост.
Љубителите на Формула 1 децении подоцна тврдат дека ова е најдобриот круг кој овој спорт некогаш го видел.
А легендарниот Бразилец не само што извозе магичен круг, во еден момент сите останати возачи освен Хил ги помина за цел круг. Како? Причината, велат стручњаците, лежи во тоа што по дождот Сена единствен не отишол да ги менува гумите.
19. круг од оваа трка беше и најбрз, но за жал и последен круг во кариерата на Бразилецот по кого плачеше целиот свет.