Македонија го доби првиот таеквондист на Олимписки Игри во историјата

Од првото историско учество на македонски спортисти на Олимписки игри сме немале учесник во таеквондо. Овојпат Дејан Георгиевски направи подвиг во квалификациите и обезбеди виза за летниот спектакл во Токио кој цел свет го очекува.

Европскиот квалификациски турнир за Олимписки Игри во категоријата над 87 килограми се одржа во Софија. Таму нашиот Георгиевски успеа да го совлада државниот шампион на Азербејџан, земја позната по квалитетни спортисти во боречки вештини и го оствари најголемиот резултат во својата кариера.

Дејан во мечот кој значеше виза за Токио беше повешт од Радик Исаев и заслужено ќе патува во Јапонија летово.

Претходно нашиот таеквондист оствари победа и против Динко Шегетин после која се избори за финален дуел со Исаев.

Од Македонија во моментов сигурни патници се Дејан Георгиевски (таеквондо) и Могамедгаџи Нуров (борење). Се очекува ним да им се придружи и каратистот Емил Павлов кој наскоро треба да настапи на квалификациски турнир.

СОНУВАВМЕ ЗА ТОА, ЖИВЕЕВМЕ ЗА ТОА, ОДИМЕ НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО !!! СЛАВА ТИ ГОСПОДЕ !!! Дејан Георгиевски со...

Posted by Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT on Saturday, 8 May 2021
9 мај 2021 - 11:49