Веслачкиот двоец во женска конкуренција составен од Хелен Гловер и Хедер Станинг и го донесоа првиот златен медал на Велика Британија.
На минатите Олимписки игри во Пекинг, Британците беа на четвртата позиција по бројот на освоени медали и на оваа Олимпијада на домашен терен тие се надеваа дека ќе можат и да го подобрат тој успех. Но на првото злато чекаа дури пет дена.
Гловер и Станинг триумфираа со време 7:27.13, а зад нив останаа веслачките од Австралија и Нов зеланд.
Успехот е уште поголем ако се знае дека ова е прв златен медал воопшто за Британија во женската конкуренција на овој спорт. Една од златните девојки за прв пат седнала во веслачки чамец пред четири години, а другата веднаш по завршувањето на Олимписките игри ќе мора да се врати на служба во Кралската артилерија.