Како се роди идејата реката Сена да ja отворат за пливање?

Жак Ширак ветил дека ќе удри едно бањање, но ветувањето никогаш не го остварил, а Макрон го остави тоа за после Олимписките игри. На девет дена пред отворањето на игрите, во Сена се нурна градоначалничката на Париз, Ан Идалго. Неколку триатлонци се веќе во болница.

За да можат да ја оспособат за пливање, за реката Сена, симбол на Париз, за цистерни и филтрирање се потрошени 1,4 милијарди евра. Но на крајот сепак разликата ја прават дождот и сонцето.

Бањањето во Сена не само што беше голем предизвик за Олимпијадата, туку и политичко ветување со децении.

За да ја разбереме вредноста на огромната инвестиција на државата и локалните заедници, меѓу другото не само за да остават впечаток за време на Олимписките игри, туку и за да ја санираат целата река и нејзината притока Марна, треба да се вратиме во 1988-ма.

Во тоа време Жак Ширак, во улога на градоналачник на Париз, гарантирал чиста река во која ветил дека ќе се нурне. Ветувањето никогаш не го одржал.

И така Сена останала забранета за бањање, како што било воспоставено во далечната 1923-та година, иако парижаните продолжиле да влегуваат во неа, тајно и илегално.

На почетокот на 2000-те имало разлабавување на мерките, но само за триатлон спортистите, кои биле повлечени во 2013-та.

Потоа во 2018-та беше одлучено да се започне со работа, неопходна за остварување на големиот сон.

Така стартуваше планот за прочистување кој предвидува изградба за филтрирање, вклучувајќи проект вреден 340 милиони евра, кој се состои од канализација од 9 км помеѓу Есоне и Вал де Марн.

Потоа проект од 90 милиони евра со градење резервоар кој може да содржи до 50.000 кубни метри вода, што е рамно на 20 олимписки базени.

Во случај на обилни дождови таму вишокот вода што се меша со канализацијата, тече, се пречистува и потоа постепено се влева во Сена со шест пумпи, за да се избегне пребрзо зголемување на стапката на штетни бактерии, пред сè ешерихија коли.

Со овој систем, Сена постепено стана повторно отворена за пливање, но сепак со ризик. Самата градоначалничка Ен Идалго мораше неколку пати да го одложи нуркањето што го направи на почетокот на јули, за да ја покаже постигнатата цел.

Во реалноста кревка цел, бидејќи присуството на бактерии зависи од квалитетот на сонцето. Всушност, ултравиолетовите зраци овозможуваат нивно отстранување побрзо од филтрирањето на резервоарите за прочистување. 

Токму во првиот викенд од Олимпијадата, во Париз и северните региони на Франција врнеше силен дожд, дестабилизирајќи го системот за прочистување.

Затоа тогаш падна одлуката за одложување на пробите и трките во триатлон.

Според најновите информации, организаторите на ЛОИ и денеска одлучија да го откажат тренингот во Сена.

Ова е петти откажан тренинг на Олимписките игри од кои првите четири беа за триатлон. Неколку триатлонци завршија во болница.

6 август 2024 - 15:07