Општина Центар утрово преку писмено соопштение ги извести сите учесници на конкурсот за избор на идејно решение за повеќенаменска сала - Градски парк со капацитет до 3.000 гледачи.
Првонаграден е трудот со шифра „Лусус“ чии идејни автори се: Стефани Соларска, маг.инж.арх, Игор Медарски, маг.инж.арх и ГЕОМАЛ ДИЗАЈН ДООЕЛ од Скопје.
Актуелниот кошаркарски храм во кој настапува Работнички е изграден во далечната 1970-та година. Тогаш бил граден како повремена солуција за потребите на Светското првенство во СФР Југославија.