Има 20 Грен слем титули во кариерата, 28 Мастерси 1000, а викендов стигна до вкупна бројка од 101 трофеи во кариерата. Подобар од него во историјата е само Американецот Џими Конорс кој има вкупно 109, освоени во периодот од 1972-ра до 1996-та.
Турнирот во Мајами изјави дека му буди прекрасни спомени од младоста. Дебитирал на истиот терен во 1999-та, како 17 годишник, во 2002-ра играл против Агаси, а шампион бил четири пати (2005, 2006, 2017, 2019).
Уште колку ли ќе импресионира овој човек за кој тениските критичари веќе не бираат зборови? Пишуваат дека Роџер Федерер веќе две децении освен што демонстрира совршен спорт, има во него и нешто натприродно и мистично.
Настрана врвните бројки и рекорди кои се импресионирачки, неговото е нешто поетско, како волшебен танц на кој никој не останува рамнодушен.
Него му се восхитуваат и луѓе што не следат тенис, па ќе речат дека погледале малку само затоа што на тв одел меч со Роџер Федерер.
Тој ја импресионира и ја возбудува тениската публика со начинот на кој танцува со рекетот, со неговите движења, но и со неговото однесување и на терен и кога држи говор.
Во говорот после финалето беше топол и насмеан како и секогаш, со зборови на кои не можеш да не му аплаудираш. Им се заблагодари и на организаторот и на противникот и на Мирка и на децата и на судиите и на тие што ги собираат топчињата и на публиката. На сите.
Федерер го среди Џон Иснер за 64 минути (6:1, 6:4) и загуби само три поени на својот сервис. Годинава која трае само три месеци веќе освои два трофеи. Пред Мајами триумфираше во Дубаи, а од Мастерс 1000 му фалат само Рим и Монте Карло.
За кого и да навиваш, не можеш да го не поштуеш. Одиме со два негови топ потези од Мајами, како доказ плус колку е јак во години кога тенисерите обично се пензионери.
Моќен бекхенд од вчера
Во четвртфиналето беше октопод
"ARE YOU KIDDING?!"@rogerfederer is something else 🤯#MiamiOpen pic.twitter.com/5hloQqt2DT
— Tennis TV (@TennisTV) March 29, 2019
Говорот после финалето