Ваквиот пристап со картонски слики од гледачите и аудио снимки од навивачки песни во позадина, колку толку ја разбиваат монотонијата на празни трибини, но во Австралија оваа тактика им се одби од глава.
Еден од гледачите на картонска слика за време на еден рагби меч во Австралија бил извесен Харолд Шипман, озлогласениот британски сериски убиец кој во 2000-та година беше прогласен за крив за убиство на 15 пациенти со инјекција.
As if there’s a cardboard cutout of Harold Shipman in the stands at the Aussie Rugby League! 🥴 #NRLPanthersKnights pic.twitter.com/GrAQW4q5I7
— Paul Davey (@heathenhouse) May 31, 2020
Австралиската лига (NRL), по примерот на некои европски фудбалски лиги, реши да ги мотивира рагби клубовите да постават слики од свои навивачи на трибините, па така преку акцијата The Fan in the Stand за 22 долари секој навивач може да приложи своја слика и да си одбере на кој меч ќе се појави.
Но некој се обидел со црн хумор да го злоупотреби целиот проект па ставил фотографија од серискиот убиец Шипман која слободно се гледаше на трибината на мечот меѓу Пантерс и Најтс во градот Кембелтаун.
Шипман не е познат во Австралија ниту на кое било друго место во светот како во Велика Британија, па лесно било да им се протне слика на организаторите.
На целата беља, Мети Џонс, поранешен рагбист, сега стручен коментатор и водител во својата емисија на трибини намонтирал фотографија од Адолф Хитлер и предизвикал бурни реакции од австралиската еврејска заедница.
Fox Sports will almost certainly come under fire for this distasteful, edited cardboard cut out of Adolf Hitler in the stands at the Manly v Cantebury match at Central Coast Stadium this evening @NRL @SeaEagles @NRL_Bulldogs @FOXRugbyLive #unisanews2020 pic.twitter.com/DZljy47kTo
— shawdy (@willzfaulk) May 31, 2020
Fox Sports will almost certainly come under fire for this distasteful, edited cardboard cut out of Adolf Hitler in the stands at the Manly v Cantebury match at Central Coast Stadium this evening @NRL @SeaEagles @NRL_Bulldogs @FOXRugbyLive #unisanews2020 pic.twitter.com/DZljy47kTo
— shawdy (@willzfaulk) May 31, 2020