Хаски ли е волк ли е на Зимски олимписки игри?

Секакви сцени гледавме на Зимските олимписки игри во Милано и Кортино ама една предизвика големо внимание. Животно се појави на патеката за време на крос-кантри скијањето конкретно во спринт дисциплината. Додека Хрватката Тена Хаџиќ го привршуваше својот настап хаски кое многу личи на волк потрча по натпреварувачките од Хрватска и Аргентина.

Кучето беше мирно на патеката, а редарите реагираа и го тргнаа надвор од патеката:

„Во прв момент помислив (дека е волк) затоа што навистина многу личеше на волк. Беше многу големо. Кога сум надвор на тренинг и кога кучињата ќе ми ги видат стаповите, обично многу се плашат, така што навистина не знаев што да правам кога го поминав, да не ме нападне или касне“, рекла Хаџиќ после настапот на кој завршила меѓу последните и го завршила учеството на ЗОИ 2026.

 

18 февруари 2026 - 12:23