Голманот Поповски го водеше Еуро Табак до победа над Систина
Аџибадем Систина 3-4(1-3) Еуро Табак
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 15’ Никола Трајковски 23’ Мирослав Неделковски 32’
Еуро Табак: Влатко Богдановиќ 6’ Дејан Јанковски 19’ 31’ Никола Зафировски 20’
Првото полувреме од натпреварот помеѓу Систина и Еуро Табак помина во мирен ритам, двете екипи беа концентрирани на својата одбрана и со повремени контра напади се обидуваа да го отворат резултатот. Во 6та минута екипата на Еуро Табак успеа да искористи еден контра напад за водство од 0-1. По овој примен погодок екипата на Систина тргна со поофанзивна игра и се обидуваше да дојде до израмнување, тоа и успеа во 15та минута од натпреварот. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак успеа да искористи две грешки во одбраната на Систина и во 19та и 20та минута успеа да реализира за 1-3 на полувремето. Во второто полувремеекипата на Систина вршеше постојан притисок кон противничкиот гол, створија многу шанси за израмнување но одбраната и голманот на Еуро Табак беа на висина на задачата. Екипата на Еуро Табак во финишот од полувремето успеа да постигне уште еден погодок и да ја осигура победата во дуелот со Систина. Крај 3-4.
Фабрика Карпош во второто полувреме до победа над Окта
Окта 1-5(1-1) Фабрика Карпош
Окта: Драганче Стојановски 3’
Фабрика Карпош: Мики Нешиќ 5’ 37’ Александар Божиков 27’ 28’ Благоја Огненовски 38’
Изедначено прво полувреме одиграа екипите на Окта и Фабрика Карпош, прва до водство дојде екипата на Окта во 3та минута која овој натпревар го играше со тактика голман играч. Екипата на Фабрика Карпош кратко по ова водство на Окта имаше одговор и во 5та минута во еден полу контра-напад преку Нешиќ успеа да изедначи. По овие рано постигнати погодоци следуваше смирување на темпото на игра, играта се префрли на средината на теренот а играчите се обидува со удари од далечина да ја донесат својата екипа во предност. До полувремето ниту една од екипите не успеа да дојде до претдност па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош наметна повисоко темпо на игра, ја превзема контролата на теренот што резултираше со солидна предност во 28та минута. Екипата на Окта се обидуваше преку својот голман кој правеше вишок во нападот да го намали водството, но во таквата игра заборавија на одбраната што Фабрика Карпош вешто го искористи за зголемување на водството и конечна победа од 1-5.
Пекабеско немаше сили за целосен пресврт во дуелот со Уника
Пекабеско 5-9(2-3) Уника
Пекабеско: Бобан Вујиќ 7’ Андрија Периќ 15’ Петар Киприновски 21’ Дејан Неделковски 23’ Мартин Здравевски 36’
Уника: Бенјамин Граинца 5’ 24’ 32’ Бесими Нухиу 10’ Шабан Чупи 15’ 39’ 40’ Љуљзим Каштањева 36’ 40’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Уника, видовме одлично одработени акции, атрактивни потези и убави погодоци. Прва до водство дојде екипата на Уника во 5та минута прекуГраинца, две минути подоцна екипата на Пекабеско успеа да го израмни резултатот. До крајот на полувремето се играше брз и отворен фудбал во кој поснаодлива беше екипата на Уника која на полувремето замина со предност од 2-3. Во второто полувреме двата тима продолжија со напаѓачки фудбал се редеа шанси на двете страни и во таквата бркотница на теренот екипата на Пекабеско успеа да дојде до израмнување и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Сепак екипата на Уника во самиот финиш од натпреварот успеа да постигне неколку одлични погодоци за конечен резултат од 5-9.