Славната Ана Ивановиќ и Шпанецот Томи Робредо се најпознатите имиња кои веќе се простија од Австралија Опен уште на самото отворање. Српската тенисерка во три сета загуби од Лусија Храдецка која е 124-ра на ВТА листата, а Робредо се повреди и му го предаде мечот на Роџер Васелин уште во првиот сет.
Овие изненадувања се само вовед во она што ќе следува на престижносто Отворено првенство во Мелбурн.
Погледите се свртени кој рекетот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ кој поради грип, кој го закачи на егзибициониот турнир во Абу Даби пропушти тренинг и неговото учество беше неизвесно. Неговиот прв меч е утре против Словенецот Алјаз Бедене.
„Имав неколку лоши денови, но сега е се во ред. Се работеше за настинка и грип, но ми поминаа и сега сум подготвен за настап“, изјави српскиот тенисер.
Учеството во Мелбурн го откажа Хуан Мартин Дел Потро кој се уште не е заздравен од повредата на палецот. Аргентинецот се оперираше минатата година и паузираше 10 месеци, а минатата година настапи како рангиран под 300 место на АТП.
„Ја донесов оваа одлука бидејќи не сакам да си ја ризикувам кариерата. Можам да тренирам, но не можам да удирам како што сакам. Ризикиот би бил на психолошки и физички план. Ќе одам повторно на контроли и потоа ќе решам кога ќе се вратам“, изјави Дел Потро.
Бранител на титулата е Станислав Вавринка, а по четири пати во кариерата Мелбурн го имаат освоено Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ, заедно со легендарниот Андре Агаси. На челната позиција е Рој Емерсон со 6 трофеи.
Сигурен почеток во првото коло имаа Рафаел Надал против Михаил Јужњи и Енди Мареј во дуел со Јуки Бамбри кои славеа без проблеми со 3:0.
Наградниот фонд годинава е рекордни 40 милиони долари, а победникот ќе добие 3,1 милион долари.
Ѓоковиќ и оваа година ја продолжи традицијата да ги засладува новинарите пред стартот на турнирот.