Во неизвесен натпревар ЕВН и Матрикс ги поделија бодовитеЕВН 3-3(1-2) Матрикс
ЕВН: Виктор Валканчев 4’ Наум Бадаловски 28’ 39’
Матрикс: Петре Даиловски 4’ Ивица Алампиоски 19’ Антонио Богдановски 28’
Петото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Матрикс.
Во првтото полувреме од натпреварот видовме доста динамичен и брз фудбал, со шанси и на двете страни. Уште од првата минута и двете екипи тргнаа офанзивно кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на Матрикс уште во 4та минута, само неколку напади подоцна екипата на ЕВН успеа да изедначи. Се редеа шанси и на двете страни од минута во минута но екипата на Матрикс во последната минута од полувремето преку инзворедниот погодок на Алампиоски успеа да го добие полувремето со резултат од 1-2. Во второто полувреме иста слика отворен фудбал и двете екипи не размислуваа на одбраната и со сите сили атакуваа кон противничкиот голман. За одбележување во ова полувреме се и прекрасните одбрани на голманите од двете екипи кои се и заслужни за израмнетиот резултат од 3-3 и поделбата на бодовите.
Уника во второто полувреме до бодовите во дуелот со Сава Осигурување
Уника 5-3(1-1) Сава Осигурување
Уника: Бесими Нухиу 10’ 35’ Васко Кокаланов 23’ Бенјамин Граинца 25’ Љуљзим Каштањева 35'
Сава Осигурување: Данило Поповски 15’ Андреј Костадиновски 36’ Мирче Маринкович 39’
Крајно изедначено прво полувреме одиграа екипите на Уника и Сава Осигурување, прва до водство дојде екипата на Уника во 10та минута преку одличниот гол на Бесими Нухиу, на тоа водство пет минути подоцна одговори екипата на Сава Осигурување и успеа да го израмни резултатот на 1-1. По израмнувањето на водството и двете екипи се фокусираа на одбраната и го смирија темпото на игра, играта главно се одвиваше на средината на теренот. Резултатот на полувремето беше 1-1. Во второто полувреме екипата на Уника ја превзеде иницијативата и уште на самиот почеток тргна поагресивно кон противничкиот гол таквата игра резултираше со водство од 3-1 уште во првите минути од второто полувреме. По ова водство на Уника екипата на Сава Осигурување направи измена на тактиката и во игра внесе голман играч со цел да го израмни резултатот. Оваа измена ги остави ранливи во одбраната а екипата на Уника го искористи тоа за зголемување на своето водство и победа на овој натпревар со резултат од 5-3.
Фуриозен втор дел на Рамстор за победа во дуелот со Фабрика Карпош
Фабрика Карпош 1-10(0-2) Рамстор
Фабрика Карпош: Ѓорѓи Божиков 23’
Рамстор: Ведат Арслан 9’ 11’ 32’ 37’ 38’ Емир Сулоски 29’ Фурхан Муртезан 34’ Михрем Мемед 35’ 39’ Ибрахим Бекир 40’
Екипипите на Фабрика Карпош и Рамстор одиграа интересно прво полувреме, почетните минути и двете екипи ги одиграа доста претпазливо одмерувајќи ги силите на средината на теренот. Екипата на Рамстор прва ја превзема иницијативата и кон средината на полувремето почна со офанзива кон противничкиот гол,тоа им донесе и предност преку расположениот денес за надигрување Ведат Арслан кој во 9та и 11та минута и доведе предност на својата екипа од 0-2 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош се обиде да го достигне водството на Рамстор со честа промена во тактиката и преку контра напади. Офанзивната игра скапо ја чинеше Фабрика Карпош која заборави на својата одбрана, а Рамстор успеа да ја искористи секоја пукнатина во истата за победа во овој дуел со високи 1-10.