27 јули 2021-та ќе остане датум на кој вечно ќе се сеќава Георгиевски, бидејќи успеа со сребрени букви да испише нова страница во спортската историја на Македонија.
22 годишниот јунак денеска збриша три притивници во таеквондо во категоријата над 80 килограми и стана тема број 1 денеска во нашата земја.
Во финалето на ЛОИ во Токио, се бореше за злато, но подобар од него беше Русинот Владислав Ларин кој славеше со 15:9.
Но овој пораз никако не ја намалува големината на успехот на Дејан Георгиевски, кој стана прв Македонец што стигнал до едно олимписко финале.
Вториот олимписки медал за Македонија го дочекавме после дводецениско чекање. Првиот е на Могамед Ибрагимов во Сиднеј 2000 кога освои бронза во борење.