Кокомо Мурасе на сноуборд го повтори и на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во женска дисциплина каде што никогаш ниедна жена не го сторила тоа. Таа на времето беше и најмладата Јапонка која освоила олимписки медал во зимски спортови откако на 17 години во Пекинг 2022 стигна до бронзата. Сега на ЗОИ во Милано и Кортина освои златен медал со 179 поени, дури 6,75 повеќе од Зои Садовски-Синот од Нов Зеланд. Корејката Сунгун Жу освои бронзен медал.

„Вежбав напорно за да го освојам златото и да го направам сноубордот попопуларен. Толку многу сум среќна што успеав. Сакам да го прикажам кул сноубордингот. Да се освои олимписко злато не е крај. Сакам да продолжам да вежбам и да го направам сноубордингот уште попопуларен, така што Кокомо Мурасе ќе стане синоним за овој спорт“, гордо и самоуверено изјавила Јапонката.
Таа во својата богата колекција има и злато во дисциплина биг еир од Светското првенство во Енгадин минатата година, како и сребро во слопстајл. На Зимски олимписки игри има три злата, четири сребра и две бронзи досега во кариерата.
🇯🇵 | La snowboarder japonesa Kokoro Murase se convirtió en la primera mujer de la historia en realizar un triple cork 1620.pic.twitter.com/kQmYgBcCtC
— Informa Cosmos (@InformaCosmos) February 9, 2026



