На пет дена до отворањето на Олипијадата во Рио Handball-Planet.com направи листа со најголемите спортски ѕвезди без кои ракометот сигурно ќе биде посиромашен.
На листата е нашиот капитен, како и трите ѕвезди од Вардар, Штербик, Дибиров и новото засилување Канелас.
1. Ласло Наѓ (Унгарија)
2. Филип Јиха (Чешка)
3. Кирил Лазаров (Македонија)
4. Момир Илиќ (Србија)
5. Арпад Штербик (Шпанија)
6. Андерс Егерт (Данска)
7. Џоан Кањелас (Шпанија)
8. Хуан Агинагалде (Шпанија)
9. Тимур Дибиров (Русија)
10. Мирко Алиловиќ (Хрватска)
Македонската ракометна репрезентација не успеа да го оствари олимпискиот сон откако во квалификациската група загуби од Полска и Тунис и го победи само Чиле.
Ракометните натпревари во Рио стартуваат на 7 август, а ќе учествуваат 12 селекции поделени во две групи.