Ракометарите повторно против Данска

Денес во Мадрид се одржа извлекувањето на групи за Светското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија. Македонија е во групата Б заедно со Данска, Исланд, Чиле, Русија и Катар.

Како и на Европското првенство во Србија, така и на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија, ракометната репрезентација на Македонија ќе се сретне со Данска.

Освен актуелниот европски шампион и светски вицешампион, во нашата група Б се и репрезентациите на Исланд, Чиле, Русија и Катар.

Првите четири ќе продолжат во следната фаза каде ќе вкрстат со најуспешните од групата А.

Светското првенство ќе се одржи од 11. до 27. јануари, а домаќин на групата Б ќе биде Севиља.

Група А: Франција, Германија, Аргентина, Тунис, Црна Гора, Бразил.

Група Б: Данска, Македонија, Исланд, Катар, Русија, Чиле.

Група Ц: Србија, Словенија, Полска, Кореја, Белорусија, Саудиска Арабија.

Група Д: Шпанија, Хрватска, Унгарија, Алжир, Египет, Австралија.

19 јули 2012 - 12:40