Металург тешко без главните играчи, поразен во Белорусија

По загубениот натпревар од ПСЖ во првото коло, тимот од Автокоманда повторно остана без бодови. Овој пат белорускиот Брест од Мешков беше подобар од Металург за 4 гола (28:24).

Белорускиот шампион по првите 12 минути стекна висока предност 8:3. По тајм-аутот на Лино Червар, Металург успеа да се врати на пристојни 2 гола негатива и на полувремето се отиде со 12:10 за домаќините.

Како по обичај, „металурзите“ второто полувреме го почнаа мотивирано, но освен Миркуловски и Циндриќ, Червар немаше друг адут на теренот, така што Белорусите ги задржаа сите налети и ја сочуваа предноста од два гола (14:12). И покрај минималниот заостаток, „сините“ делуваа прилично загубено на теренот при што Брест во последните 10 минути од средбата отиде на плус 4, предност која мирно ја одржа до крајот на дуелот (28:24). Со овој пораз, Металург е последен во групата А, каде лидер е шпанска Ла Роха со 2 победи, пред ПСЖ кој својот натпревар го игра утре вечер.

Филип Миркуловски и Лука Циндриќ со 7 гола беа најефикасни кај Металург, кој следното трето коло повторно ќе гостува, во Загреб, против РК Прво плинарско друштво.

Брест Мешков – Металург 28:24 (12:10)
Спортска сала "Викторија", Гледачи: 2.000

Мешков Брест: Пешиќ (11 одбрани), Чарапенка, Бабичев 2, Баранау 1, Божовиќ 3, Камушик, Карачиќ, Манојловиќ 3, Никуленков 5, Разгор 2, Рутенка 1, Шумак 1, Шилович 3, Шпилер 1, Стојковиќ 2, Вукиќ 4. Седмерци:2/2. Исклучувања: 10 мин. Црвен картон: Стојковиќ (20 мин.)

Металург: Коциќ (2 одбрани), Митревски (7 одбрани), Борозан 1, Циндриќ 9, Димовски, Ѓукиќ 1, Георгиевски 1, Јоновски, Кукоски, Липовина 4, Манасков, Марковски, Марсениќ, Миркуловски 7, Мојсовски, Ојлески 1. Седмерци:4/4 Исклучувања: 6 мин. Црвен картон: Манасков (20 мин.)

4 октомври 2014 - 23:03