Кам бекот по долгата пауза со гол го означи капитенот Наумче Мојсоски кој го отвори резултатот, но тоа беше единственото водство на Металурзите на целиот меч на кој беа принудени постојано да бркаат негатива.
Моќните Парижани возвратија со 3 гола и се наметнаа како доминатни на паркетот. Металург на стартот беше без идеја во нападот, а отсуството на Вугринец веднаш се почуствува. Во 12 минута гостите имаат предност од 7:3, а Лино Червар свика тајм аут.
Неговите избраници фатија ритам и тргнаа пожестоко во нападот, а Мојсоски и Миркуловски со по два погодока го вратија оптимизмот во тимот и ја кренаа публиката на нозе. Металург најчесто беше во еден до два гола негатива, а во последната минута од првиот дел новајлиите Липовина и Марсениќ израмнија на 11:11.
Тимот од Автокоманда го одржуваше нерешениот резултат некаде до средина на вториот дел но по серијата грешки ПСЖ направи предност од 21:17, а Металург беше на маки повторно да брка негатва од -4 како во првите 30 минути.
Отпорот и храброста на теренот им се исплатеше кога на 6 минути до крајот на мечот Циндриќ многу дрско биеше во голот и намали на -1, но ракометариме на Металург не играа континуирано во својот препознатил стил за да можат да ја повторат сензацијата од лани.
Парижаните за многу брзо време се вратија на +3 и рутирано го довршија мечот славејќи со 27:22.
Најпрецизен во таборот на Металург беше Миркуловски со 5 погодоци, а Марсениќ имаше 4. Кај гостите најдобар беше Хансен со 6 погодоци.
Следниот викенд македонскиот првак му гостува на Мешков Брест.