Во балканското дерби, Србија загуби од Црна Гора со гол во последна секунда и заврши последна на табела со еден бод.
Мечот го реши Немања Грбовиќ во драматична завршница, откако Црногорците на 10 секунди до крај примија гол од пенал, а потоа тргнаа од центар и успеаа да слават со 30:29.
Тоа за нив значеше пласман на трето место. Во следна рунда одат Унгарија и Исланд.
What it means to them... What a 𝐜𝐫𝐚𝐳𝐲 ending 🤯🔥#ehfeuro2024 #heretoplay @rukometnisavez pic.twitter.com/jSEAROjk15
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2024
Nebojsa is 𝒑𝒖𝒓𝒆 𝒑𝒂𝒔𝒔𝒊𝒐𝒏 ❤️🔥🇲🇪#ehfeuro2024 | #HereToPlay | @rukometnisavez pic.twitter.com/kckvLlc9gh
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2024
Сензацијата се случи во Манхајм во групата Б, а ја направи Австрија која ја исфрли Шпанија, која за прв пат по 24 години не поминува групна фаза.
Австријците одат понатаму заедно со Хрватска и тоа со реми 33:33. Човек на одлука беше Јанко Божовиќ, кој ги закопа Шпанците на 10 секунди до крај.
Absolute scenes in Mannheim 😱🇦🇹#ehfeuro2024 | #HereToPlay | @HandballAustria pic.twitter.com/cLVTL1Iehc
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2024