Холандија и Црна Гора се најпријатните изненадувања на Европското ракометно првенство, а дуелот меѓу овие две селекции во втората групна фаза го добија лалињата со 34:30.
Тие беа во големи проблеми пред мечот поради коронавирусот, особено на голманската позиција. Во ситуација кога сите им беа позитивни, повик доби анонимусот Тијс Ван Лејвен кој брани во Белгија.
Има 34 години и никогаш не заиграл на ЕП, а синоќа го реши мечот со маестрална партија и излезе херој со дури 15 интервенции.
И тоа внимавајте, Лејвен не бил со тимот, туку на работа, па морал прво да бара дозвола од шефот.
Членот на белгискиот тим Спортинг Пелт успеа да добие шанса за настап благодарение на новото правило на ЕХФ, а тоа е дополнително да се повикуваат играчи ако бројката на заразени од Ковид е голема.
Царот ја спакувал голманската опрема, лап топот под мишка и правeц Будимпешта на Европско.
„Тренерот ми кажа да се спакувам и да тргнам за Будимпешта, но морав брзо да разговарам со мојот газда. Имавме многу работа, па го земав лап топот со себе за да доработам тука. Работам во здравство и дизајнирам импланти за черепи. Никогаш не сум бил професионалец. Работам 36 часа неделно, а тренирам шест пати неделно“, вели херојот на Холандија.
Знаете што се случи на крај? Го прогласија за најдобар играч на мечот.
He arrived yesterday, and this is his first ever #ehfeuro match: Thijs van Leeuwen in the @Handbalheren 🇳🇱 goal 🔥#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/MVEOmrI4no
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2022