Ракометната репрезентација на Македонија ќе се натпреварува во квалификациската група 1 против Шпанија, Португалија и една репрезентација од предквалификациите каде ќе се натпреваруваат Грција, Швајцарија, Италија и Велика Британија.
Ова е посакувана група за нашите ракометари затоа што од овие противници само четвртопласираната репрезентација од последното Европско првенство, Шпанија е поквалитетна од нашиот национален тим.
На Европското првенство кое ќе се одржи од 12-ти до 26-ти јануари 2014-та година во Данска ќе се пласираат двете најдобри репрезентации од седумте квалификациски групи и најдобрата третопласираната репрезентација.