Дај му ја на Модриќ на 20 метри и имаш голчиште

Реал Мадрид дојде до 12-та титула во Суперкупот на Шпанија откако во финалето во Саудиска Арабија, беше подобар од Атлетик Билбао со 2:0. Лука не старее.

Со полни 36 години и 10 години стаж на Бернабеу, Лука Модриќ стигна до трофеј број 17 во дресот на Реал Мадрид.

За него годините се само бројка. Топката во среден ред ја држи во сеф, пасовите му се како да имаат очи, а ако го оставиш сам на линијата на шеснаесет како синоќа, нема бранење.

Хрватскиот ас го отвори резултат на мајсторски начин во 38-та минута, по што Бензема во вториот дел реализираше пенал за конечни 2:0.

Наградата за играч на мечот отиде заслужено во неговите раце, кој вели дека на сега ужива во фудбалот повеќе од било кога.

„Многу се зборува за годините, а јас сега уживам во фудбалот повеќе од било кога. Тоа е така бидејќи не знаеш до кога ќе трае ова убаво чувство и до кога ќе бидам на ова ниво. Правам напор за да истрајам повеќе години, за мене нема подобро место од Реал Мадрид“, изјави Модриќ

Тој стана најстар стрелец во историјата на Суперкупот на Шпанија и се очекува да го продолжи договорот до 2023-та.

Потегот после 0:20

 

17 јануари 2022 - 08:13