Вака сега. Портсмут е англиски третолигаш кој игра на стадион со капацитет од 21.000 гледачи, а снимкава е направена на Хајлинг островите оддалечени на воздушна линија од 6,5 километри. Ако не верувате, тогаш пуштете ги појако звучките.
Бандата на Клоп има 3:0 против Сити од првиот четвртфинален дуел од ЛШ, ама и армија на ептен верни навивачи кои ги пречекаа како херои уште пред да почне мечот. Снимаше Џејмс Милнер.
Интервјуто на неделата и сезоната во Премиер лигата го даде овој навивач на Њукасл кој фалеше уште стој на раце да направи за да покаже колку е хепи што го тепале Хадерсфилд 1:0. Колку ли ќе одлепеше ако на местото на Хадерсфилд беше Манчестер Сити?
За разлика од претходните Светски првенства 2010 и 2014 во Јужна Африка и Бразил каде илјадници Англичани патуваа да ја бодрат својата репрезентација, овојпат за Русија нема претерано голем интерес за карти. Зошто така?
За време на пријателската меѓу Колумбија и Австралија на стадионот на Фулам во Лондон, една од навивачките се протнала меѓу редарите и влегла на терен за да се слика со својот миленик Хамес Родригез.
Најстраствените навивачи кои дишат со Бешикташ, а живеат во Македонија се наоѓаат во Гостивар каде на спектакуларен начин беше отворен нивниот официјален фан клуб.
Артвин Хопаспор го победува 2:0 Карс 36 Спор во битката за првото место и избива на лидерската позиција со 1 бод предност во регионална аматерска лига во Турција, а ние прашуваме: Па има ли по хард кор навивачи од Турциве? Фалеше уште на хеликоптер да се качат за овие анонимни мали клупчиња кои очигледно само нив им значат.
Најпознатите филмови за навивачи во Англија често земале инспирација од ликот на Џејмс Бенон, човек кој цели три години работел како таен агент меѓу хулиганите за што морал да се однесува каков нив. Во еден момент многу ја засакал дружбата, но служба е служба.
Она што го слушаме како на касета секогаш кога на Балканов ќе се случи курцшлус на некој спортски настан, дека ако истото дело го направиш на Островот ќе кркаш минимум парична а максимум затворска казна - не е мит.
Фудбалот на Аргентинците им тече низ вени и ако некој остане без карта нема шанси да ги собере другарите дома да ја гледаат, туку они ќе се соберат пред стадион и ако треба со глава во ѕид ќе одат. Буквално. Ете ова се навивачите на Росарио Сентрал.
Сега веќе митскиот натпревар Динамо Загреб - Црвена звезда од 1990. година кој се смета за почеток на војната во поранешна Југославија одвреме-навреме вади нови митови и легенди. Сега се појавил оглас за скршена столица од „Максимир 1990-та“.
Викендов се играше вечното големо дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши без голови. Гостите во судиското продолжение имаа шанса за победа, а овие имаа шанси да полудат и тоа топтан фамилијарно.
Имаат историја која трае точно 158 години, титула во германското првенство во 1966-та и армија на навивачи која не прашува каде и со кого играат, туку палат патиките за викенд и правец на стадион. Минхен 1860 на гостување во Нирнберг.
Навивачите на Челси беа доста гневни од односот на обезбедувањето на гостувањето против Барса во ЛШ. Сè уште е нејасно зошто ги тепаа со пендраци без осет, а шпекулациите говорат дека каталонските редари не можеле да се помират што ги ребрачат на политичка основа.
Навивачите на Марсеј кои допатуваа во Баскија на реванш мечот од Лига Европа против Билбао, направија сериозни инциденти надвор и на стадионот во чија близина пред две недели почина специјалец на шпанската полиција.
Иако стадионите во Шпанија важат за мирољубиви места, особено Камп Ноу каде има плева од туристи кои одат да ја гледаат Барса, синоќа пред влезот било танзично и играле пендраци.
Бешикташ беше аутсајдер на осминафиналниот дуел со Баерн Минхен во ЛШ, а тоа се виде уште на првата средба на која пукна петарда. И при негатива од 2:1 на реваншот, Водафоун Парк во Истанбул грмеше типично на турски начин. Слушајте во позадина.
Оваа приказна не е за Барса, Реал или Манчестер, туку за новиот фудбалски клуб Лос Анџелес кој има верен еден фан во Австралија. Тие уште не заиграле во лигата, а тој си резервирал карта пред 10 месеци.
Прво малиот е многу мал за да го ребрачите вака. Второ Наполи неколку години по ред се поти да ја прекине доминацијата на Јуве. Трето сезонава е или беше најблиску до тоа. И четврто требаше да ви ја плесне во фаца.
Тагата за раната смрт на Давиде Астори не завршува. Неговите соиграчи го одиграа првиот натпревар без својот капитен на кој го совладаа Беневенто со 1:0, а во моментот кога се играше минутата со број 13, која Астори ја носеше на својот грб се случи најемотивниот момент на сезоната. Како никој се уште да не може да дојде на себе по смртта на Давиде кој на 31 година ги напушти Виолетовите.
На 23. јануари талентираниот фудбалер на Челси, Кенеди беше позајмен во Њукасл. На 10. март Кенеди го дава првиот гол за ’Касл и „Сент Џејмс Парк“ еуфорично го прославува. Нешто како кога ќе падне гол под Везув во Неапол:
Ако некој може да им парира на Грците и Србите во навивање во сала, тоа сигурно се навивачите на Болоња Фортитудо кои прават спектакл за очи, уши и душа. Навивачката група им се вика Fossa Dei Leoni со традиција од 1970-та.
Навивачите на Борусија Дортмунд важат за навивачи кои сакаат традиција, а мразат богаташи кои ги уништуваат идентитети на клубови за сопствени интереси. Затоа спремаат акција за помош на клуб кој беше распарчен и одново оживеан во четврта лига.