Навивачи

Навивач влета на терен и реши натпревар

Носи ист дрес како другите, ама за разлика од нив нема бројка. Влезе, начека изведена топка од аут и го реши мечот во последна минута, а најјакиот момент е што сите му се фрлија на радување.

Од Русија со љубов - ќебе

За разлика од московските хулигани кои лани во Марсеј линчуваа Англичани, овојпат градот Ростов се покажа како гостопримлив домаќин и на навивачите на Манчестер кој допатуваа на дуелот од Лига Европа им дадоа ќебе. Температурите во Ростов се под нулата во овој период од годината, така што на гостите им годел подарокот.

Крикот на Наполитанците кој се слушна во цел град

Навивачите на Наполи се “болни“ за фудбал и ако се случеше да го урнат Европскиот фудбал ќе го превртеа градот наопаку. Без разлика дали ги сакате или не, пуштете ги звучките троа посилно и слушнете ја химната на ЛШ, а особено онаа ерупција од Сан Паоло на вчерашното четвртфинале. Да се наежи човек.

Американско навивање на фудбал

Во моментот кога стоперот на Њујорк Сити, Шано се жалеше на повреда, навивачите на Орландо пееја «Move, bitch, get off the pitch!» рефрен од песната Move Bitch од Ludacris.

Пушти ги нека се тепаат навивачите

Познат руски пратеник даде необично решение за проблемите на земјата со фудбалскиот хулиганизам во пресрет на Мундијалот наредната година. Легализација за тепачките.

Поранешен фудбалер на Лацио во улога на водач на навивачите на римското дерби

Во исполнетата Курва Норд каде беа сместени навивачите на Лацио, синоќа имаше и еден Бразилец кој има освоено два италијански Купови и две Скудета. Но овој пат се појави како страствен навивач. Слика која ретко се гледа во фудбалот.

Исповед на навивач на ПАОК кој е редовен учесник во тепачки

Анонимниот навивач го бодри ПАОК, а жената со која го дели креветот навива за Олимпијакос. Учеството во тепачка вели дека знае да делува релаксирачки, ама ако се одвива на право место. Најголемата глупост која ја направил е кога скршил шише од главата на еден навивач, од кој потоа добил извинување.

Јунајтед им покрива визи на 500 навивачи за пат во Русија

Иако Мурињо сакаше да им се падне АПОЕЛ, па да играат во топлата и сончева Никозија, на крај им го извлекоа студениот Ростов во Русија.

Кои се најубавите нови стадиони во светот

Сајтот Stadiumdb спроведе гласање за да го избере најдобриот нов стадион на светот изграден (или реконструиран) и пуштен во употреба во 2016-та. До 4. март секој може да учествува во гласањето за еден од 29 стадиони претенденти.

Гостите од Сент Етјен со свое шоу во Манчестер

Лига Европа можеби го нема истиот квалитет за гледање фудбал како Лига на шампиони, ама секогаш нудел квалитетни навивачки претстави за гледање. Синоќа во преден план беа навивачите на Сент Етјен на Олд Трафорд.

Упадот на навивачите на Шалке во солунско кафуле

По сериозните најави, инциденти меѓу грчките и германските навивачи се случиле ден пред мечот ПАОК - Шалке кој заврши 0-3. Група германски хулигани нападнале гости во солунско кафуле и рушеле сè пред себе.

Тензии во Солун поради пријателството на Комити со УГ

Во 2013-та грчкиот ПАОК и германскиот Шалке играа квалификации за ЛШ а тогаш Германците извадија македонско знаме и ги испровоцираа гостите. Ждрепката пак ги спои двата тима и во Солун има страв од нови нереди.

Наполитанци играјте за Паола

Фудбалерите на Наполи вечерва имаа големи мотиви, а тоа е да се обидат да го урнат актуелниот европски првак уште во осминафиналето. Ако успеат да направат таков подвиг, во Неапол ќе ги пречека нивната жешка навивачка Паола Саулино која им ветува разни безобразлуци.

„Победи за нас“

На Паркот на принцовите во Париз синоќа беше привилегија да се биде гледач, бидејќи ретко се случува некој да ја понижи Барселона со 4 парчиња. Другиот осминафиналниот дуел во Португалија имаше друга убавина, а тоа е прекрасната кореографија на навивачите на Бенфика кои побараа и добија победа од своите јунаци.

’Вашите дедовци изгореа живи за Дрезден’

Сент Паули важи за клуб-симбол на левицата, неговите навивачи се анти-фашисти, додека Динамо Дрезден отсекогаш во историјата се сметал за клуб близок до десницата, па во еден период дури и приврзан до идеологијата на Хитлер.

Импресивен протест на тифозите на Интер

Полемиката Јуве - Интер по суспензиите од два меча за Икарди и Перишиќ трае веќе 7 дена. Навивачите на Интер решија со шпанската ’пањолада’ (бели марамчиња во знак на протест) да искажат револт од одлуките на дисциплинската комисија на италијанската фудбалска федерација. Делуваше импресивно.

Јунак на мечот Барнли - Челси

Барнли е тврд орев сезонава што покажа и денес со ремито од 1-1 против лидерот Челси, Мечот по освоениот бод, еден мал навивач на Барнли ќе го памети и по тоа што татко му го спаси од една топка која силно одеше во него.

Зошто во Италија луѓето веќе не одат на стадион како порано

Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?

5.000 долари трошок и 235 дена со точак за Ливерпул

Ви го претставуваме најупорниот и најхрабриот Кореец на долги стази кој имал вишок слободно време, пари, ептен издржлив велосипед и доста авантуристичка жичка во мозокот.

Ќе испаднеме од втора лига, ама фашист нема да игра за нас

Синоќа истече рокот за трансфери на фудбалери во поголем дел на Европа. Шпанскиот Рајо Ваљекано договорил позајмица со Украинцеот Роман Зузулија, но поради неговите десничарски ставови, навивачите на клубот не го сакале во екипата.

„Венгер, кој ти кур бизнис?“

Еден од илјадниците бесни навивачи на Арсенал синоќа во текот на мечот против Ватфорд кој „Топџиите“ го загубија 1:2 во живо од стадионот му прати порака на Арсен Венгер и стана хит на интернет.

Кога ќе дознаеш дека Арсенал доаѓа во твое маало

Ждрепките на кои се влечат паровите од најстарото натпреварување на светот во Англија се следат со посебна драж. Така навивачите на петтолигашот Сутон кој се наоѓа во истоименото лондонско предградие паднаа во транс кога дознаа кој ќе им гостува во 5. рунда.