Навивачи

Ова го има само во Буенос Аирес и никаде на друго место

Ривер со сигурност ја има најдобрата навивачка поддршка во Јужна Америка и далеку пошироко. Ова што го прават на легендарниот „Монументал“, од неодамна проширен со капацитет до 90 и нешто илјади гледачи е рамно на чудо.

Судирот од близу на навивачите на Левски со македонската полиција

Не бил баш наивен амбиентот пред еден од влезовите на Градски пред дуелот меѓу Шкупи и Левски Софија. Нема видео како почнало и како дошоло до овој хаос, а од она што може да се види е дека Бугарите воопшто не биле нежни кон полицајците. Ги гаѓаат со што ќе стигнат. Од шипки до шишиња со кока кола.

Бугарските навивачи собираа пари за притворените

Откако навивачите на Левски одбиле да го напуштат стадионот додека полицијата не ги ослободи нивните приведени другари, почнале да собираат пари со цел да им ги платат казните со надеж дека ќе бидат ослободени.

Како навивачите на Левски скандираа на Градски?

Многу тензија донесе квалификацискиот меч во Конференциската лига меѓу Шкупи и Левски Софија. Од навивачски судир во Чаир, бодење со нож, пресметка со полицијата па сè до провокации на трибините.

Комити се пофалија со навивачки плен од Бугарите

Навивачите на Шкупи и Левски синоќа имаа бурна ноќ со инциденти во Чаир и на стадион и биланс од 21 уапсен и еден прободен. Некаде, некако во близина биле и навивачите на Вардар кои скришно им дрпнале навивачки реквизити на гостинските навивачи.

Видеа од инцидентите со бугарските навивачи во Чаир и пред Градски

Навивач на Левски Софија бил прободен со нож и веднаш пренесен во болница за време на инцидентите пред мечот против Шкупи во рамките на второто квалификациско коло во Конференциска лига.

Се знае ли овде кој кого сака да тепа и зошто?

Арсенал загуби 2:0 од Манчестер Јунајтед на пријателски дуел во САД. На трибини воопшто не беше пријателска атмосферата меѓу навивачите на Арсенал кои се тепаа меѓу себе. На никој не му е јасно зошто е оваа шабанска лакрдија и кој од чија е? Какви глупаци и тој што пробува да двои е крив.

Симпатичен бојкот на ВАР во Норвешка

Навивачите на норвешки Стабаек а и на другите клубови од тамошната лига, купуваат влезници за натпреварите, доаѓаат на трибини и после некоја минута стануваат и си одат во знак на протест против ВАР системот. „НИЕ СМЕ ВАР“, велат тие и бараат од управата на лигата да го укине ВАР системот.

Германија цврсто ја чува традицијата 50+1

Во германскиот фудбал веќе одамна важи правилото 50+1, норма која што ги чува клубовите од наплив на приватни инвеститори кои би станале мнозински сопственици на штета на членовите односно навивачите.

Како во Казабланка се шверца пиротехника на трибини

Видад од Казабланка, главниот град на Мароко, ги има најдобрите навивачи во тој дел на светот, а и пошироко. Прават прекрасни кореографии а често имаат и спектакуларни бакљади.

Вардар се обрати до компаниите: „Бидете дел од убава приказна“

Фудбалскиот клуб Вардар напорно работи да обезбеди нормални услови и гола егзистенција, со цел да се подготви добро за стартот на новата сезона.

Прекрасна кампања на Џенова за нови сезонски карти

Најстариот клуб во Италија после една сезона во втора лига, експресно се врати таму каде што припаѓа, во елитната Серија А. По повод новите сезонски влезници за новата сезона, Џеновјаните снимија видео од кое се буди голема страст за сите убавини на овој голем град на море, клуб, стадион...

Комитска фешта на првиот тренинг на Вардар

ФК Вардар ги запали моторите и почна да се спрема за кам бекот во прволигашката конкуренција. Се вратија на Градски, нивниот дом со децении и уште на првиот тренинг добија голема поддршка од Комити.

Жељко му даде воспитна на навивач и го набрка од терен

Со Обрадовиќ никогаш не знаеш на што си, па макар се работи и за постар господин кој од радост на душата за титулата на Партизан, ќе тргне да се гушка со играчите и стручниот штаб. Цвикерите ќе му ги искршеше од бес.

Хрватски навивачки фолк шлагер во Ротердам

Во финалето на Лига Нации синоќа во Ротердам имаше преку 25.000 хрватски навивачи. Го обоиле „коцкестите“ градот и трибините во боите на хрватското знаме. На крајот Шпанија победи на пенали, а хрватските навивачи се забавувале и на улиците каде во еден момент на некоја жителка ѝ пееле рефрен од турбо фолк песна.

Италијанско англиска пресметка во Прага

Не беа баш умни синоќа навивачите пред финалето од Конференциската лига. Чешката полиција уапсила 16 навивачи, а инцидентите почнале откако навивачи на Фиорентина во бар во центарот на Прага ги нападнале навивачите на Вест Хем. Нападнат бил и еден полицаец, а има тројца повредени.

Навивачите на Наполи му го вратија украдениот волан на Спалети

На 16-ти октомври 2021-ва година поради не баш добри резултати, најжестоките тифози на Наполи му украле волан и цд на Лучано Спалети од неговата омилена Фијат Панда. Паралелно кај стадионот закачија и парола: „Спалети, Пандата ќе ти ја вратиме, доволно е само да си одиш“.

Навивачката на Наполи која 7 часа се спремала пред да излезе гола во јавност

Паола Саулино е модел и инфлуенсерка, која ветила дека ако Наполи го освои Скудетото, ќе слави гола. Ветено-сторено и тоа со специјално изработен дизајн на гола кожа за што биле потребни 7 часа работа. Амблемот на клубот на стомак, на газот број 3, а на грб името со број 69. По улици шетала со обезбедување и фотограф.

Чкембари им запленија навивачки реквизит на Фемили Аеродром

МЗТ Скопје ја доби и третата пресметка против Пелистер во финалето и со тоа стигна до нова титула во македонскиот шампионат, вкупно 10-та. Гостите подобри на паркетот во салата Боро Чурлевски, а домашните навивачи поуспешни од гостинските. Се пофалија дека им здиплиле маица.

Навивачкиот крал на сезоната доби портрет од јунаштвото

Познат под прекарот Нолси, овој 50 и кусур годишен навивачки ветеран како кегли удираше десетина пилиштари од АЗ Алкмар кои се дрзнаа да влезат на трибина каде седеле роднини и деца на играчите на Вест Хем. Нолси се затекнал на самиот влез и ги спасил. После ова стана јунак меѓу многу навивачи а неговите „чекани“ му дадоа карта за големото финале на Лига Конференции против Фиорентина, му ветиле сезонска карта за следната сезона и добил портрет.

Ко ќе ви кажат само кај балкански дивјаци го има ова

На големото дерби од шведската лига меѓу Јургорден и АИК Стокхолм, домашните поведоа во 82’ минута преку бекот Маркус Даниелсон. Тоа беше причина на гостинската трибина навивачите да направат голем пожар после што мечот беше прекинат пред време. Шведската влада повикала итна седница на која се разгледувале мерки после големите нереди на 28-ми мај на арената Теле2 во Стокхолм.

Триесет и осум години од „Хејсел“

На 29-ти мај 1985-та година пред почетокот на големото финале на Куп на европски шампиони меѓу Јувентус и Ливерпул, во Брисел на стадионот „Хејсел“ се случи една од најстрашните трагедии во историјата на фудбалот.

Шампионското славје на Баерн на Мариенплац

На централниот плоштад во Минхен, во срцето на градот, илјадници навивачи на гигантот Баерн ја прославија шампионската титула, единаесетта по ред, со сигурност најлудо освоена од сите претходни. Со гол во последни секунди. На славјето беа и фудбалерките од женскиот состав кој во неделата ја освоиле титулата шампион.

Лозари и Чкембари се пофалија со навивачка берба

По примерот од Италија каде прво во Удине, а потоа и во некои други градови, на навивачите на Наполи насилно не им беше дозволено да слават титула по туѓи градски улици, во неделата во Кавадарци поединци од навивачките групи Лозари Кавадарци и Чкембари Битола решиле да тргнат во лов по оние кои се дојдени со вардарови обележја.