Пиво, техно и ПСВ Ајндховен

Откако во неделата попладне ја совладаа Спарта Ротердам на гости 1-3, фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија шампионската титула, 26-та во Холандија во нивната клупска историја. „Филипсовци“ играа убав фудбал но имаа и огромна среќа откако во финишот на сезоната заостануваа 9-10 бода зад лидерот Ајакс кој сам се упропасти со 3 убедливи порази во низа и сам ја изгуби титулата.

Играчите на ПСВ предводени од капитенот Лук де Јонг и од сјајниот Иван Перишиќ кој сезонава им беше најдобар играч, прославија на плоштад во Ајндховен. Со многу пиво, музика и техно.

Забавата почнала во 14 часот напладне на стадионот на ПСВ каде играчите излегувале еден по еден и направиле почесен шампионски круг околу теренот. После со отворен автобус се пуштиле низ градските улици до главниот градски плоштад каде ги чекале илјадници навивачи.

 

20 мај 2025 - 08:28